Салата со рукола, домати и сирење

Уживајте во вкусот на медитеранската салата со рукола, домати и сирење во својот дом! Започнете го ручекот со чинија полна бои и здравје.

Сигурно сте слушнале дека руколата е многу здрава, а ако барате начин како да ја вклучите во исхраната, оваа салата е прав погодок.

салата со рукола

Состојки:

  • 4 домати
  • неколку листови рукола
  • 1 краставица
  • ½ главица црвен кромид
  • 8 маслинки
  • 100 грама фета сирење
  • 4 лажици екстра девствено маслиново масло
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Доматите исечете ги на коцки.
  2. Краставицата излупете ја, а потоа исечете ја на коцки.
  3. Кромидот исечете го на тенки ленти.
  4. Во длабок сад ставете ги сечканите домати, краставицата, кромидот и маслинките. Измешајте ги и додајте го маслиновото масло. Повторно измешајте и зачинете со сол по вкус.
  5. Во 4 чинии ставете од приготвената салата.
  6. Фета сирењето исечете го на парчиња. Парчињата фета сирење наредете ги врз салатата во секоја од чиниите. На крај додајте ги листовите рукола. Готовата салата со рукола и домати послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за шопска салата.

Сподели: