Време е за вкусот на традицијата! Конечно започнува периодот кога сармата ќе биде застапена на трпезите. Сигурни сме дека сите домаќинки имаат свои стари рецепти за подготовка на сарма кои се пренесуваат со генерации. А денес ќе ви помогнеме да ја збогатите вашата ризница со уште еден неверојатно вкусен рецепт за сарма со кисела зелка.
Сармата е специјалитет без кој празниците се едноставно незамисливи. Може да ја направите со пресна или кисела зелка, со лозов лист или листови од штавеј. Во ладните денови ви препорачуваме да направите сарма со кисела зелка и да уживате во феноменалниот спој на традиционалните вкусови.

Состојки:
- 500 г мешано мелено месо од Агриа
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 морков
- 100 г ориз
- ½ лажица црвена пипер
- 10 зрна црн пипер
- ½ лажичка мелен црн пипер
- 3 ловорови листови
- масло
- 200 г сланина
- 1 кисела зелка
- сол по вкус.
Подготовка:
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а морковот изрендајте го. Ставете ги во тава со масло и испржете ги. Кога ќе омекнат додајте го меленото месо и половина од сланината исечкана на коцки.
- Зачинете со сол и мелен црн пипер, па додајте го оризот и половина лажичка црвена пипер. Убаво измешајте.
- На лист од зелка ставете една лажица од филот со мелено месо и завиткајте ја сармата. Постапката повторувајте ја додека имате фил.
- На дното од подлабок сад ставете малку зелка и врз неа редете ги сармите. Откако ќе ги наредите, врз нив ставете ја преостаната сланина.
- Ставете една лажица мелена црвена пипер, неколку зрна црн пипер и ловоровиот лист. Покријте со листови зелка и прелијте ги со вода. Количината на вода треба да биде околу 2 см над сармите.
- Садот покријте го со капак и оставете го да зоврие, а потоа намалете ја температурата на тивко и варете 3-4 часа.
- Готовата сарма послужете ја додека е топла. На здравје!
Совети плус:
- За виткање на сармите изберете зелка со помали листови. Сармата поубаво ќе се витка и поубаво ќе изгледа.
- Од листовите од зелката отстранете го долниот задебелен дел (кочан). Листовите убаво измијте ги и оставете ги да се исцедат пред да ја завиткате сармата.
- А за подготовка на филот набавете свежо и квалитетно мелено месо од проверени производители. Посетете ги месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и набавете месо со врвен квалитет. Во месарниците може да најдете свежо свинско и говедско месо, мелено месо, сувомеснати производи од нивно, домашно производство. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Свежото свинско месо може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.
Ви препорачуваме да прочитате: Гулаш на американски начин.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.