Совршениот рецепт за свински гулаш со доматен е тука! Приготвен со домашно македонско свежо месо од Агриа, малку чадена сланина за подобар вкус, кромид и пиперки за подобра арома, и доматен сос кој е тајната на најдобриот рецепт. Некои рецепти заслужуваат веднаш да се најдат на менито за оваа недела, а овој рецепт за свински гулаш со доматен сос е еден од нив.
Речиси секоја домаќинка има свој начин на кој го подготвува, а секој нов рецепт е добредојден и нуди можност за ново кулинарско дегустирање. Дефинитивно вреди да се проба!
Состојки:
- 2 лажици масло
- 750 г месо – свинска плешка или каре од Агриа
- 1 лажица брашно
- 1 главица кромид
- 2 чешниња ситно сечкан лук
- 2 сечкани пиперки по желба
- 100 г чадена сланина сечкана на ленти со ширина од 1 см
- 2 лажици чадена црвена пипер
- 1 мала лажица оригано
- 1 мала лажица ким
- 1 мала лажица црвена пипер
- 300 мл пилешки бујон
- 300 мл пасата од домати (доматен сос)
- 1 лажица доматно пире
- ½ мала лажичка сол
- ½ мала лажичка шеќер
- ¼ мала лажичка мелен црн пипер
- 1 лажица магдонос.
Подготовка:
- Месото исечете го на коцки.
- Коцките ставете ги во длабок сад и додајте го брашното. Измешајте ги.
- Во тенџере на оган ставете масло да се загрее. Додајте го месото и пропржете го додека добие кафеава боја. Ако тенџерето е помало, месото испржете го на два пати. Прженото месо извадете го на чинија.
- Во тенџерто повторно додајте масло и ставете ги сечканиот кромид, лук, пиперките и сланината. Пржете ги за време од 5 минути на средна температура.
- Во зеленчуците додајте ги зачините – чадената пипер, пиперта, кимот и ориганото. Измешајте и додајте го месото.
- Додајте ги бујонот, пасатата и доматното пире. Зачинете со сол, мелен црн пипер и прстофат шеќер. Покријте со капак и оставете го гулашот да се динста за време од 30 минути на умерена температура, додека месото омекне.
- Топлиот гулаш во доматен сос сервирајте го со сечкан магдонос, ориз и кисела павлака. На здравје!
Препорака плус:
Набави си свежо свинско месо од Агриа во Тинекс маркетите и стани потенцијален добитник на една од вредните награди. Погледни на фотографијата како може да учествуваш. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Може да те интересира: Свински гулаш со пиво.
*Рецептот е овозможен од Агриа.