Обожавате смуди? Еве еден едноставен рецепт за освежително смуди од портокал и јаболко, кое ќе ве освежи, а воедно и зајакне имунитетот.
Постојат повеќе причини да го пробате ова смуди. Како што старееме, кожата и другите делови од телото страдаат под дејството на слободните радикали. Портокалите содржат антиоксиданси кои го заабуваат овој процес и прават да изгледате помлади. Јаболкото е одличен извор на хранливи материи. Тоа изобилува со растворливи и нерастворливи растителни влакна кои овозможуваат здрав метаболизам со правилно и добро варење на храната. Содржи огромни количини на витамин Ц кој е неопходен за добар имунитет, здрави непца и гингиви, за производство на колаген и чување на младоста итн.
Наведените состојки во рецептот се доволни за две порции.

Состојки:
- 2 големи јаболка (по желба може да ставите 1 јаболко и 1 круша)
- 2 портокали или 1 чаша сок од портокал со пулпа
- малку свеж ѓумбир (по желба)
- прстофат црн пипер (по желба)
- 10 до 12 бадеми (претходно потопени во вода) по желба.
Подготовка:
- Измијте ги јаболката, крушата и портокалите.
- Портокалите исцедете ги и ставете ги во блендер. Потребно е да добите една чаша сок од портокал.
- Излупете ги, исечкајте ги и исчистете ги од семките јаболката и крушите. Доколку користите домашно одгледани и непрскани јаболка и круши, ставете ги со кората во блендерот.
- Миксирајте ги додека се добие хомогена смеса. Готовото смуди од портокал и јаболко послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: 7 причини да пиете смуди секој ден.