Имаме нов и баш супер рецепт за смуди со праски и банани! Пред да го прочитате рецептот, веднаш да ви кажеме нешто, предноста на ова смуди е што може да го правите преку целата година, затоа што се користат праски од компот!
Смудито со праски и банани е идеално за појадок, затоа што изобилува со витамини, јагленихидрати и витамини кои ќе ви дадат енергија за преку ден. Но, исто така може да биде освежителна ужина, која може да ја понесете и на работното место. За да ја збогатиме хранливата вредоност додадовме ладно цедено масло од чиа. Маслото е богато со витамин Ц, витамин Е, одредени флавоноиди, фенолни киселини и лигнин. Тоа е одличен извор на протеини, цинк, бакар, тиамин (витамин Б1), ниацин (витамин Б3), и железо – сите се познати за здрав раст на косата. Дознајте зошто се препорачува ладно цеденото масло од чиа за здрави зглобови и силна коса.

Состојки:
- 1 чаша јогурт или кисело млеко
- 450 грама праски од компот (или кратко варени праски)
- 2 банани
- ¼ чаша сок од портокал
- 1 лажица ладно цедено масло од чиа (може да го купите преку онлајн продавницата на Фила, поголемите маркети или продавници за здрава храна)
- ¼ чаша шеќер или по вкус
- 2 чаши коцки мраз.
Подготовка:
- Во блендер ставете ги јогуртот, маслото од чиа, бананите, сокот од портокал, шеќерот и коцките мраз.
- Блендирајте додека добиете смуди со посакуваната конзистенција.
- Готовото смуди со праски и банани послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот.