Вкусните смуди со овошје се одличен начин да се започне денот со витамини, минерали и антиоксиданси. Овој пат ви претставуваме интересен рецепт за смуди со тиква и банана кој го правиме секој ден.
Тиквата, која се нарекува кралица на есента е позната како симбол за долговечност. Тиквата е богата со антиоксиданси и каротен. Покрај тоа, таа изобилува со пектини, шеќери, витамини, особено со витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, катаракта и мозочен удар. Бананите се овошје кое е омилено на многумина. Помагаат за задржување на добрата форма, го зајакнуваат имунитетот и даваат енергија. Истражувањата покажале дека со консумирање на само две банани на ден се обезбедува енергија доволна за 90 минутна напорна работа. Циметот го регулира шеќерот во крвта и поради тоа ги елиминира нападите на глад.
Состојки:
- 100 мл полумасно млеко (1,5%)
- 3/4 шолја варена тиква
- 1 средна банана
- малку цимет
- малку ванила екстракт
Подготовка:
- Во блендер ставете ги млекото, варената тиква, бананата и циметот.
- Миксирајте додека се добие хомогена смеса. На крај ставете 2-3 капки ванила екстракт,
- Готовото смуди со тиква и банана ставете го чаша и послужете го веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: 3 рецепти за смути – детокс, витаминско и имуно.