Време е да ги искористиме благодатите кои ни ги нудат калинките. А дали сте пробале сок или пак смути со калинки? Освежуваат, даваат енергија и се добредојдени за секој период од денот. Па, ако имате калинки на располагање, направете смути.
Рецептот е многу едноставен, но верувајте многумина го испробаа и потврдија дека е супер. Потребно ви само кисело млеко, банани и сок од калинки. Сокот од калинки најдобро е да биде свежо исцеден, а за таа цел користете цедилка за цитруси. Од наведената количина на состојките ќе добите 6 чаши со смути, па намирниците прилагодете ги според вашите потреби.

Состојки:
- 2 чаши кисело млеко
- 2 чаши сок од калинки (најдобро е да користите свежо цеден сок)
- 2 големи банани.
Подготовка:
- Бананите излупете ги и исечете ги на парчиња.
- Во блендер ставете го киселото млеко и додајте го сокот од калинките. Потоа, ставете ги парчињата банана и миксирајте додека се добие хомогена смеса.
- Готовото смути со калинки и банани сервирајте го во изладени чаши. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Сокот од калинка е моќен природен антиоксиданс.