Магијата на совршената слатка зимница е незаменлива! Направете засладување кое ќе ја „краси“ вашата трпеза за време на ладните денови и кое ќе ви ја радува душата!
Мармалади, пекмези, џемови, слатко, за што и да е, потребно ви е да знаете неколку информации. Така ќе знаете како од омиленото овошје да подготвите слатка зимница која ќе биде превкусна кога и да ја отворите теглата, независно од сезоната. За тоа да биде така, важно е да изберете најдобро овошје за припрема.
Ако при купување или за време на берењето не се погрижите да изберете квалитетно овошје, потрудете се тоа да го направите при припремата. Овошјето кое е меко или оштетено, задолжително отстранете го.

Зошто е важна зрелоста на овошјето?
Кога станува збор за зрелоста на овошјето, треба да знаете дека е најдобро кога овошките се различно зрели. Кога пак правиме споредба дали е добро поголемиот дел од овошјето да е со висок степен на зрелост или низок, секогаш е подобро да е позрело отколку многу „зелено“. Ова е важно бидејќи, кога овошјето е презрело почнува да губи од пектинот и киселоста која е од суштинско значење за добар џем, а исто така ќе биде лоша и текстурата.
За најголемиот број бобинкасти овошки, најдобро е ако не се доволно зрели, затоа што кај нив зелените делови содржат многу пектин, танини и киселини кои на џемот му овозможуваат густа текстура и богат вкус.
Тајната на добиот џем е препознавање на доброто овошје, прилагодување на шеќерот и сокот од лимон зависно од тоа колку се свежи и цврсти плодовите, и од количината на пектин. Зборувајќи воопштено, зрелото овошје со многу пектин ќе „бара“ помалку шеќер, а на презрелото овошје ќе му биде потребен и повеќе шеќер од обично. Освен шеќер, на презреаното овошје за подобар квалитет треба да му се додаде сок од лимон заради рамнотешна на вкусовите.
Доколку експериментирате, запамтете дека постои начин да се искористи секој џем, дури и ако не се направил како што сте очекувале. Ретките џемови може да се служат како прелив за сладолед, а премногу густите како глазура за торта или за фил.
Ви препорачуваме да прочитате: 9 совети за совршена зимница.