Сочен колач со портокал и чоколадо

Повкусен него купечките! Колачите со вкус на портокал и чоколадо ни се омилени. А рецепт за едноставен, сочен и вкусен колач со портокал, дополнет со аромата и шмекот на црното чоколадо ни испрати Клара.

Таа ни препорачува да го пробаме, затоа што овој колач сочноста ја задржува и во наредните денови!

сочен колач со портокал

Состојки:

  • 80 гр маргарин на собна температура
  • 130 гр шеќер
  • 3 јајца
  • 100 мл слатка павлака
  • 200 гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 поголем портокал
  • 50 гр сечкано чоколадо
  • 50 гр кандирани цитруси (многу ситно сецкани).

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изрендајте ја кората од портокалот, па потоа излупете го. Ренданата кора тргнете ја на страна, а портокалот ставете го во блендер и изблендирајте го убаво.
  2. Во сад за матење, најпрво изматете го омекнатиот маргарин со шеќерот. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, при што ќе матите околу 1 минута до додавањето на секое следно.
  3. Потоа, додајте ја слатката павлака, па намалете ја брзината на миксерот и постепено ставајте од брашното предходно измешано со прашокот за печиво.
  4. На крај, додајте го пирето од портокал, сечканото чоколадо и кандираните цитруси и со помош на лажица измешајте убаво за да се добие хомогена смеса.
  5. Смесата истурете ја во намрсен правоаголен силиконски калап за леб или ако немате таков, во лимен, кој ќе го обложите со хартија за печење.
  6. Калапот ставете го да се пече во загреана рерна за време од 45 минути.
  7. Печениот сочен колач со портокал оставете го да олади во калапот, па потоа извадете го од него.
  8. Исечете го на парчиња и посипете го со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви препорачуваме да прочитате: Божиќни колачи со портокал и рум.

Сподели: