Совршена вечера или вкусен ручек, на вас останува да ги направите… Почестете се себе си и семејството со сочни уштипци со кашкавал кои се идеални со чаша пиво.
Рецептот е испробан во кујната на Клара, на која и се заблагодаруваме за споделениот рецепт.

Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 1 мешавина на зачини за ќофтиња, по желба
- 150 мл вода
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 2 лажици лебни трошки
- ситно сечкан магдонос
- малку лук во прав по желба
- околу 150 гр кашкавал.
Подготовка:
- Содржината од кесичката со зачини за ќофтиња растворете ја во 150 мл вода.
- Кромидот изрендајте го со ренде.
- Магдоносот ситно исечкајте го.
- Во длабок сад ставете го месото, водата со зачините, ренданиот кромид, јајцето, лебнитре трошки, магдоносот и лукот. Измешајте убаво за да се добие хомогена смеса. Садот покријте го со најлонска фолија.
- Оставете го фрижидер за време од ½ до 1 час за да се спојат вкусовите.
- Ставете малку масло во грил тава и оставете убаво за се загрее. Може да користите и нелеплива тава, а уште подобро е скара.
- Кашкавалот исечете го на стапчиња.
- Со голема лажица земајте од смесата за уштипци и со навлажнети раце расплескајте ја овално. Ставете по едно стапче кашкавал и убаво завиткајте го од сите страни со месо. Формирајте уштипци со овална форма.
- Малку сплескајте ги со рацете, но внимавајте на кашкавалот да остани во внатрешноста. Готовите уштипци ставете ги да се пржат во загреаната грил тава на умерен оган.
- Готовите уштипци ставете ги врз хартиена салфетка да се впие вишокот на масло. Потоа послужете ги топли со некој сос и салата по ваша желба. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Печени уштипци од мелено месо.