Сте печеле ли замрзнат зеленчук досега? - Имаме супер брз рецепт и неколку совети!

Сте печеле ли замрзнат зеленчук досега? – Имаме супер брз рецепт и неколку совети!

Сте печеле ли замрзнат зеленчук досега? Сигурни сме дека сте пробале или дека ќе сакате да пробате многу лесен и едноставен начин. Печењето на замрзнат зеленчук дава вкус што не можете да го добиете со готвење на пареа, а најголема предност е тоа што нема лупење, миење и сечкање на зеленчукот. Па, следниот пат кога ќе ви треба брза идеја за гарнир, не двоумете се да ја пробате ваквата опција!

Замрзнатиот зеленчук е вистински спас за сите домаќинки кои немаат време да подготват сложени јадења составени од голем број зеленчуци. Едно пакoвање може да содржи сѐ што ви треба за вкусно јадење. Може да го приготвите на многу начини, а ние ви откриваме еден брз рецепт и неколку едноставни совети како да испечете замрзнат зеленчук.

сте печеле ли замрзнат зеленчук

Сакаш да направиш печен замрзнат зеленчук?

Еве неколку едноставни совети кои ќе ти помогнат да направиш вкусно јадење:

  • Замрзнатиот зеленчук нема потреба да се одмрзнува. Може да се пече веднаш, штом го извадите од замрзнувач.
  • Секогаш загревајте ја тавата во која ќе готвите. Тоа ќе помогне замрзнатиот зеленчук побрзо да се испече, а при тоа да ја задржи својата текстура. Најдобро е зеленчукот да се пече на температура од 230 степени.
  • Избегнувајте обложување на тавата за печење со алуминиумска фолија. Најдобро е да користите хартија за печење.
  • За рамномерно печење изберете зеленчук или парчиња со приближно иста големина.
  • Користете зачини за да добиете подобар вкус на зеленчукот. Може да додадете лук или кромид во прав, магдонос, нане или оригано.
  • Пред печење, зеленчукот прелијте го со масло. И покрај тоа што се замрзнати, користете повеќе отколку што вообичаено би користеле за свеж зеленчук.
  • Печениот замрзнат зеленчук најдобро е да се јаде веднаш, но може и да се чува до 3 дена во херметички затворен сад во фрижидер. Не го замрзнувајте повторно, бидејќи зеленчукот ќе ја изгуби својата текстура.

Брз рецепт за печен замрзнат зеленчук

Состојки:

Подготовка:

  1. Рерната пуштете ја да се загрева на 230 степени.
  2. Тавата обложете ја со хартија за печење и ставете ја во рерната да се загрее.
  3. Во сад ставете го замрзнатиот зеленчук. Ставете зачини по вкус, сол и црн пипер и прелијте го со маслиново масло. Убаво измешајте.
  4. Откако тавата ќе се загрее, внимателно ставете го зеленчукот во тавата и убаво распоредете го. Вратете ја тавата во рерна и печете 15-30 минути, во зависност од големината на зеленчукот и вашиот вкус.
  5. Готовиот зеленчук сервирајте го по желба и послужете го. На здравје!

Наша препорака:

Брзо и лесно ќе имате вкусен гарнир или лесна вечера. Разгледајте ги новите Royal Veggies производи на Слога и изберете нешто по ваш мерак. Royal Veggies е новата линија на производи на замрзнат зеленчук, достапна во сите подобро снабдени маркети. Се состои од седум нови пакувања од првокласни и внимателно одбрани видови на зеленчук. Во новата палета на производи може да најдете царски микс, жолта боранија, брокула, пченка, златна мешавина, грашок и руска салата. Посетете ги нивната Facebook фан страница и Instagram профил и разгледајте подетално кои производи ги нудат!

замрзнат зеленчук

Ви препорачуваме да прочитате: Кои се придобивките од замрзнатиот зеленчук?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: