Убавини! Што друго може да се каже за вака приготвени тестенини со крем сос од тиквички и млечни вкуснотии? Ова е уживање во секој залак, пробајте.
Може да си сварите безглутенски, интегрални или бели тестенини, затоа што сосот одлично се вклопува со сите. Добри и здрави за целото семејство, направете ги и послужете ги нешто вкусно деновиве.

Состојки:
- 500 гр тестенини по желба
За сос:
- 2 средно големи тиквички
- 100 гр ситно рендан кашкавал или сирење
- 3 лажици сечкан свеж босилек (може да го замените со сув)
- 3 лажици сечкан магдонос
- 3-4 лажици кисела павлака
- 2 лажици маслиново масло
- 2 чешниња лук
- црн пипер по вкус
- сол по вкус.
Подготовка:
- Во тенџере на оган се става поголема количина на вода да се вари. Водата се посолува и тенџерето се поклопува со капак. Штом водата зоврие се додаваат тестенините. Се варат со повремено мешање во зависност од упатството наведено на пакувањето. Варените тестенини се цедат и се оставаат настрана.
- Тиквичките се мијат и се лупат, а потоа се рендаат на долгнавести парчиња. Така припремени се пропржуваат со малку лажица . Оставете ги да се изладат.
- Кашкавалот или сирењето изрендајте го, а босилекот и магдоносот измијте ги и ситно исечкајте ги.
- Лукчето исто така излупете го и ситно исечакајте го со нож или алатка, па измешајте го со павлаката.
- Во садот со тиквичките додајте ги тиквичките, сирењето, зачините и павлаката со лукчето.
- Зачинете со сол и црн пипер по вкус, измешајте и сервирајте во чинија. Прво ставете од тестенините, а потоа врз нив сервирајте од сосот. Декорирајте по желба и на здравје.
Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за тестенини со тиквички.