тесто за палачинки - испробан рецепт

Тесто за палачинки по испробан рецепт

Ако сеуште размислувате и се обидувате да направите најубави палачинки, време е да го пробате нашиот рецепт. Со вака подготвено тесто за палачинки може да бидете сигурни дека дегустаторите ќе ве намачат да правите уште и уште, многу повеќе од обично. Не чекајте, припремете ја тавата и започнете!

Рецептот кој ви го предлагаме е едноставен, од само три состојки, а вкусот кој се добива на крај е одличен. Палачинките можете да ги декорирате по ваша замисла, а најдобро би било тоа да е во комбинација со вкусот на филот за кој сте се одлучиле. Некои од нашите омилени вкусови на фил за палачинки се полни со крем, црн, бел или комбиниран по желба и додадена банана, може да ставите мед и орев кои се одличен избор за полесен вкус, шлаг крем или слатка павлака во комбинација со свежо овошје и слично, а нешто ќе оставиме и на вашата фантазија и креативност.

тесто за палачинки - испробан рецепт

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 мл млеко
  • 300 гр брашно.

Подготовка:

  1. Најпрво јајцата изматете ги со миксер.
  2. Потоа додајте го млекото и брашното.
  3. Измешајте добро.
  4. Туретете во тавата со помош на голема лажица и печете ги во загреана нелеплива тава за палачинки, а откако ќе се испече едната страна завртете ги на другата уште кратко да се печат.

Вкусни и убаво декорирани палачинки се секогаш пријатно изненадување. На здравје!

Сподели: