туна салата со домашен прелив

Туна салата со домашен прелив

Пробајте ја вкусната туна салата со прелив кој ќе го приготвите сами. Доаѓа од интернационалната кујна, а позната е уште под името „Nicoise“ туна салата, како што е насловена и на страницата partial-ingredients.com каде го најдовме рецептот.

туна салата со домашен прелив

Состојки:

За смесата од туна:

  • 350 гр туна (може исечкана или во парчиња)
  • 2 лажички мајонез
  • 1 лажиче сенф
  • малку ситно сечкан црвен кромид
  • неколку сечкани црни маслинки.

За салата:

  • 2 поголеми листови сечкана салатка
  • 1 поголем црвен домат исечен на парчиња
  • 10-тина цели црни маслинки
  • малку црвен кромид сечкан на долги кришки
  • 3 тврдо варени јајца исечени на тенки кругови.

За прелив:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка сенф
  • сол и црн пипер по вкус.

Количината е доволна за 2 порции.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги туната, мајонезот, сенфот, ситно сечканиот кромид и сечканите маслинки. Измешајте ги и смесата од туна е готова.
  2. Во друг сад подгответе го преливот. Измешајте ги маслиновото масло, медот, сокот од лимон, сенфот, солта и црниот пипер.
  3. Во сад за сервирање ставете ги исечените листови салатка, парчињата домат, кришките од кромид и круговите од јајца.
  4. На средина додајте ја туна смесата, а потоа прелијте со преливот и внимателно промешајте.

На здравје!

Сподели: