Превкусна! Обожавам ајвар и го користам во најразлични рецепти – го додавам во макарони, проја… А овој пат решив да го испробам во комбинација со урнебес салата и што да ви кажам – подобра е и од класичната!
Плус, наместо само како салата, можеш да ја искористиш и како намаз, додаток со главно јадење или со омлет.

Состојки:
- 100 г сирење
- 150 г изварка (урда)
- 2 полни лажици ајвар Green Deli
- 1 лажичка лута буковска пипер
- ½ лажичка лук во прав.
Подготовка:
- Сирењето изрендај го на крупната страна од рендето или издроби го со виљушка.
- Во длабока чинија додади ги ренданото сирење, изварката, ајварот, пиперта и лукот во прав. Добро измешај.
- Порoси со буковец и сервирај со брускети. На здравје!
Совети плус:
- Салатата можеш да ја направиш со лут или благ ајвар од GreenDeli.
- Наместо лук во прав, можеш да додадеш свеж лук за поинтензивен вкус.
Дали знаеш дека?
GreenDeli е најнова и најсовремена фабрика за конзервна индустрија во Македонија? Тие произведуваат ајвар, корнишони, печурки, мешани салати, мармалади… Ајварот од GreenDeli е направен со сончогледово масло, не содржи конзерванси и има ист вкус како домашен ајвар.
За да дознаеш повеќе за производите и акциите, заследи ги GreenDeli на:

Ти се допадна овој рецепт? – Погледни повеќе рецепти и заследиме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- YouTube – Marija Kocovska
- TikTok – @marija.kochovska.
Погледни го рецептот за посна проја со ајвар – од кујната на Марија Кочовска.
*Рецептот е овозможен од GreenDeli.
