Катерина ни припреми уште еден лесен, вегетаријански и едноставен рецепт за уштипци од тиквички и урда, кој сигурно ќе се најде на вашата трпеза. Одлична комбинација на состојки, која ќе го задоволи сечиј вкус!
Тиквичките се нискокалорични, богати се со растителни влакна и се препорачуваат при диети, за исхрана на лица кои имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем и дијабетес. Изварката е богата со протеини и калциум.

Состојки:
- 1 помала тиквичка
- 100 гр рикота (во замена може да користите изварка/урда)
- 150 гр брашно
- 4 лажици пармезан
- 1 јајце
- 1 мала лажичка прашок за печиво
- по потреба млеко
- прстофат сол
- малку црн пиер
Подготовка:
- Тиквичката изрендајте ја.
- Јајцето ставете го во сад за матење и изматете го со миксер.
- Во чинија ставете го брашното и прашокот за печиво. Измешајте ги и додајте ги во садот со јајцето.
- Потоа во садот додајте ги пармезанот, рикотата, посолете по вкус и наросете мелен црн пипер. Смесата во садот изматете ја со жица за матење.
- Во садот додајте ја и ренданата тиквичка. Доколку добиената смеса е многу густа, по потреба додајте млеко.
- Во нелеплива тава на оган ставете масло да се загрее. Со лажица земајте од смесата и пржете во загреано масло.
- Испржените уштипци од тиквички и урда извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
- Ушипците послужете ги топли.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска