Не знате каков десерт да подготвите за претстојните празници? Ние имаме одличен предлог. Вкусна фереро торта, која ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Елизабета. Пробајте ја во прва прилика, бидејќи вистинската уникатност е во совршениот спој на вкусови кој нуди двојно уживање.
А покрај недоливиот вкус, оваа фереро торта има и луксузен изглед кој одлично ќе ја надополни и збогати вашата празнична трпеза.

Состојки:
За кора:
- 5 јајца
- 6 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 2 лажички прашок за пециво
- 180 г мелени лешници.
За фил:
- 250 г чоколадо
- 200 г путер
- 7 лажици нутела
- 200 гр дробени чоко-лешник наполатинки
- 75 гр мелени лешници.
Подготовка:
- Во сад ставете ги јајцата и шеќерот. Матете со миксер додека добиете пенеста смеса.
- Во друг сад измешајте ги преостанатите состојки за кората. Со лажица, постепено додавјте ги во пенестата смеса.
- Тавата за печење (22-24 см) премачкајте ја со путер или обложете ја со хартија за печење. Добиената смеса за кора прелијте ја во тавата и ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 170 степени, за време од 35-40 минути.
- Во меѓувреме, чоколадото растопете го на пареа и оставете го кратко да се излади. Додајте ја нутелата и путерот исечкан на коцки. Убаво измешајте за маргаринот да се растопи.
- Откако кората ќе се испечи, извадете ја и оставете ја да излади. Потоа, кората пресечете ја на половина, да добиете 2 кори.
- Првиот дел премачкајте го со фил. Врз филот наросете мелени лешници и дробени наполитанки. Одозгора ставете го и фториот дел. Премачкајте со фил и повторно наросете мелени лешници и дробени наполитанки.Со преостанатиот фил премачкајте ја цела торта.
- Готовата фереро торта декорирајте ја по желба и послужете ја. На здравје!
Совети плус од авторот:
- Откако кората ќе се олади, со остар нож засечете го горниот дел кој изгледа посув и со тоа ќе ја израмните кората.
- Пред употреба, лешниците малку да потпечете ги, за да пуштат убава арома.
Автор на рецептот: Елизабета Пешовска (My little kitchen stories).
Ви предлагаме да прочитате: Брза празнична торта.