Гурмани, време е за ново гастрономско дегустирање! Овој пат вкусете ја интернационалната кујна преку рецептот за филе „Велингтон“! Овој популарен рецепт ширум светот се приготвува од печено месо во крцкава кора од лиснато тесто со богат фил од печурки и бело вино.
Веќе ви го привлековме вниманието? Ова е рецепт кој мора да го пробате за време на велигденските празници. За почеток набавете македонско квалитетно свежо свинско месо од Агриа, лиснато тесто и печурки. Следете ги инструкциите и направете го овој вкусен специјалитет!

Состојки:
- 1 свинско филе од Агриа
- 1 главица сечкан кромид
- 250 г сечкани печурки
- 125 мл бело вино
- 500 г лиснато тесто
- 8 ленти пршута или салама
- сенф по потреба
- 1 јајце
- масло по потреба
- сол и црн пипер.
Подготовка:
- Месото посолете го и наросете го со мелен црн пипер.
- Во тава на оган ставате масло да се загрее. Во загреаното масло ставете го филето и пропржете го од сите страни за време од 15-20 минути. Филето можете да го испечете и во загреана рерна на 250 степени за време од 25 минути.
- Во тавата додајте ги сечканиот кромид и печурките, и пропржете ги околу 10-тина минути.
- Потоа додајте го белото вино и оставете смесата да крчка, додека виното испари.
- Лиснатото тесто ставете го врз хартија за печење и исучете го во форма на правоаголник. Потоа исечете форма на помал правоаголник или квадрат, поширок од филето за 6-8 см. Во средината на лиснатото тесто наредете ги парчињата пршута, а врз нив ставете го филот со печурките. Врз филот ставете го свинското филе и премачкајте го со сенф.
- Краевите на тестото премачкајте го со изматено јајце. Со помош на хартијата свиткајте ролат, а кревите превикајте ги кон внатрешнотста на тестото.
- Од преостанатото тесто исечете ленти и со нив се украсете го ролатот. Ролатот измачкајте го со изматеното јајце и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете го во загреана рерна на 180 степени за време од 40 минути.
- Свинското филе „Велингтон“ послужете го додека е топло. На здравје!
Наша препорака:
За да бидете сигурни дека ќе добиете неодоливо вкусено јадење, препорачуваме да набавите свежо свинско месо од Агриа. Ако се прашувате зошто, имаме одговор кој објаснува сè? – Свежото месо има бројни придобивки во споредба со замрзнатото. Најважно од сè е тоа што е похранливо, текстурата е подобра, па е идеално за подготовка на брзи јадења од печено месо. Наша препорака се Агриа, затоа што месото им е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Веруваме дека штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, тоа ќе остане вашиот прв избор!

Ви препорачуваме да прочитате: Печен ролат од свинско месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.