Фокача во тава со шунка и кашкавал

Италијанската кујна ви е омилена? Не сте единствени. Ние сме големи љубители на различните специјалитети од тесто, а кој може да остане рамнодушен? А кога сме кај италијанската кујна, имаме нов, супер вкусен рецепт кој ни доаѓа од кујната на Катерина. Преубава фокача во тава со шунка и кашкавал.

Направете ја и послужете го вкусот на италијанската кујна во својот дом! Кате, ти благодариме за преубавите рецепти.

фокача во тава

Состојки:

  • 300 г брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • 1 рамна лажичка сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • 80 мл млеко
  • 100 мл вода.

За фил:

  • по потреба пица шунка, кашкавал.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното, прашокот за печивото и солта.
  2. Додајте го маслото.
  3. Млекото и водата измешајте ги и стоплете ги.
  4. Топлата течност од вода и млеко додавајте ја во садот со брашно и месете додека добиете меко нелепливо тесто.
  5. Тестото поделете го на 2 дела. Првиот дел расучете го во кора и ставете ја во тавата за пржење.
  6. Одозгора наредете пица шунка и парчиња кашкавал.
  7. Поклопете до другиот дел од тестото исто така расукано во кора.
  8. Формирајте витки кои треба да бидат убаво затворени.
  9. Ставете ја тавата на најтивок оган и на суво (без масло) пржете ја од двете страни додека убаво зарумени. Готовата фокача покријте ја со кујнска крпа да омекне. Послужете ја топла со кисело млеко, јогурт, кефир… На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен рецепт за италијанска фокача посипана со рузмарин.

Сподели: