Дали знаете што се црвенци? Дали сте се запрашале како се прават? – Тоа е лесен и едноставен десерт со фантастичен вкус кој потекнува од Врање. Ако сте љубител на десерти и не сте многу искусни во правењето торти, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. „Некогаш, овој десерт можеше да се најде во секоја слаткарница во Врање, но со текот на времето неоправдано е заборавен.“ – велат нашите пријатели Alfa-Plam кои го споделија рецептот со нас.
Можеби вкусните црвенци ги нема во слаткарниците, но затоа можете да си ги направите дома. Потребни ви се неколку состојки и малку слободно време. Овие брзи и освежителни летни коцки може да се јадат и за време на пости. Не пропуштајте да ги пробате и да уживате во уникатниот вкус!

Состојки:
- 2 л вода
- 20 лажици шеќер
- 200 г густин (нишесте)
- 40 г ванилин шеќер или 1 лажица екстракт од ванила
- 5 капки екстракт од јагода или малина.
За декорација:
- јаткасти плодови – ореви, лешници, бадеми…
Подготовка:
- Во подлабок сад ставете 1,5 л вода и додајте 20 лажици шеќер. Садот ставете го на оган.
- Во друг сад ставете пола литар вода и густин. Мешајте додека густинот се раствори.
- Штом шербетот зоврие додајте го растворениот густин и промешајте. Оставете ја смесата да се вари 5-7 минути.
- Пред крајот на варењето додајте ванилин шеќер или една лажица ванила екстракт.
- Потоа, смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел додајте екстракт од јагода или малина.
- Во тава, претходно натопена во ладна вода, ставете го белиот дел од смесата. Потоа, врз белиот прелијте го и обоениот дел.
- Тортата оставете ја да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
- Исечете ја на коцки, декорирајте ги со јаткасти плодови и послужете ги во комбинација со омиленото кафе. На здравје!
Наша препорака:
Во овие топли денови олеснете го и скратете го вашето време поминато во кујната со избирање на еден од електричните шпорети на Алфа-Плам. Долгогодишната традиција и квалитет ги прават прв избор штом станува збор за шпорети и грејни тела. Во нивната палета на производи може да најдете електрични шпорети, комбинирани електрично-плински уреди, мини електрични шпорети, решо и плинско решо. Сите производи можете да ги разгледате на нивната веб страна, а за сите новости следете ги нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

Ви предлагаме да прочитате: Самса – врањска пита за гурмани.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.