Чоколадна панакота со 5 состојки

Богата, кремаста и вкусна чоколадна панакота направена само со 5 состојки! Совршен лесен десерт кој е добре дојден во секое време. За да уживате во богатиот вкус и нежната текстура, потребно е да издвоите само 15-тина минути од вашето време.

Може да ја послужите со свежи јагоди или прелив, како одличен завршеток на елегантен оброк и идеален партнер на омиленото кафе со пријателките. Пробајте го овој едноставен рецепт кој веруваме дека ќе ве освои на прв залак!

чоколадна панакота со прелив од свежи јагоди

Состојки:

За прелив по желба:

  • 1,5 чаша јагоди (сечкани)
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица вода.

Подготовка:

  1. Во помал сад ставете 7-8 лажици од слатката павлака. Постепено додавајте го желатинот и мешајте. Оставете го садот со желатин за време од 5-10 минути.
  2. Во сад на тивок оган ставете ги преостанатата слатка павлака, шеќерот и ванилин шеќер. Мешајте за да се растопи шеќерот. Кога смесата ќе се загрее, додајте ја Синтагмата, искршена на мали парчиња. Постојано мешајте за да се растопи чоколадото. Внимавајте смесата да не зоврие.
  3. Садот со желатин ставете го на тивок оган. Откако ќе се растопи, додајте го во чоколадната смеса.
  4. Кога ќе забележите дека смесата е пред вриење, тргнете го садот настрана.
  5. Топлата панакота, ставете ја во чаши (4-5 во зависност од големината). Оставете ја да се излади на собна температура за време од 2-3 часа, а потоа ставете ја во фрижидер околу 4 часа, а најдобро е преку ноќ.
  6. Чоколадната панакота може да ја послужите со свежи јагоди или прелив. За да направите прелив, во мало тенџере на оган ставете исечкани јагоди, шеќер и 1 лажица вода. Оставете да зовријат на средна температура и повремено мешајте додека преливот се згусне. Оставете го да се излади пред сервирањето или чувајте го во фрижидер до употребата. Уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: Посен овошен десерт во чаша со пудинг.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: