чоколадна торта со вишни

Чоколадна торта со вишни – од кујната на Марија Кочовска

Велигденските празници ни се пред прагот, а тортата е задолжителна на сечија трпеза! Време е за радост, уживање и приготвување на највкусните јадења со љубов. Овие празници нека биде слатко со мојата омилена чоколадна торта со вишни. 

Размислувајќи што да напрам, се сетив на овој предобар рецепт. Филот се прави брзо, а во понатамошниот текст, ти откривам како да ја направиш најбрзата веризја од тортата. 

Чоколадна торта со вишни

Состојки:

За пандишпан – се прават 3 кори:

За фил:

  • 1 литар слатка павлака
  • 300 г чоколадо за готвење
  • 500 г фарситура од вишни (желе).

Подготовка:

  1. Рерната се пушта да се загрева на 220 степени. 
  2. Во сад за матење се ставаат јајцата и шеќерот. Се матат додека шеќерот се растопи и смесата се згусти. Во садот се додава ванилиниот шеќер, маслото и млекото. 
  3. Во длабока чинија се ставаат брашното, прашокот за печиво и какаото. Се мешаат.
  4. Брашното се става во сито и се сее во садот со јајца. Смесата се меша со шпатула за да се соедини. 
  5. Тавата (број 28) се обложува со хартија за печење. Смесата за пандишпанот се додава во тавата и се израмнува. Се става да се пече во загреаната рерна за време од 15-20 минути. Пандишпанот се остава да се излади. 
  6. Се прават 3 кори на истиот начин. Тортата е прилично висока, па ако сакаш пониска торта, може да направиш 2 кори. Во тој случај, двојно намали ги количините за филот.
  7. Додека се печат корите, се прави филот. Во тенџере на оган, на умерена се ставаат 500 мл слатка павлака и се додава чоколадото искршено на коцки. Се меша за да се растопи чоколадото. Внимавајте, смесата не треба да зоврие! Оставете го тенџерето да се излади на собна темепература, а потоа ставете го во фрижидер, додека завршите со печење на сите кори. Смесата кога ќе се излади, ќе се згусти.
  8. Штом корите се испечени и изладени, а и чоколадниот фил е изладен, преминуваме на следниот чекор. Преостанатата слатка павлака ја матиме со миксер. Потоа со миксер ја матиме чоколадната слатка павлака. Ги соединуваме двете павлаки со шпатула. Филот го делиме на 3 дела.
  9. Врз чинија ја ставаме првата кора и ја премачкуваме со филот. Потоа распоредуваме половина од желето со вишни. Ја ставаме втората кора, фил и желе од вишни. Ја додаваме третата кора и тортата ја премачкуваме со фил. Декорираме по желба. Среќни празници, на здравје!

Совети плус:

  • За да заштедиш на време, може да направиш еден пандишпан, кој потоа ќе го исечеш на три ленти. Така ќе добиеш торта во правоаголна форма – паста. Ако се одлучиш за оваа верзија, состојките за пандишпанот зголеми ги за 3. Пример: наместо 2, ставаш 6 јајца, наместо 100 г шеќер, ставаш 300 г…
  • Наместо фарситура може да ставиш џем од вишни. 
  • Овие празници искористи ги промотивните акции на Жито Лукс! Посети ги нивните профили на Instagram и Facebook и разгледај ги празничните понуди.
Празнично дарување Жито Лукс

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе рецепти, посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Брзи чоколадни мафини без миксер – од кујната на Марија Кочовска.

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: