Барате лесен, едноставен рецепт за вкусна чоколадна торта со јагоди? Вие сте на вистинското место. Ова е навистина лесна торта, погодна за сезоната кога има свежи јагоди. Се прави едноставно со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната.
Уникатната комбинација на чоколадо, јагоди и шлаг сигурно ќе го освои сечиј вкус. Пробајте ја и пишете ни како ви се допаднала.

Состојки:
- 250 грама путер
- 4 лажици какао
- 1 чаша врела вода
- 2 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- ¼ мала лажица сол
- ½ чаша млеко
- 2 јајца
- 1 мала лажичка сода бикарбона
- 1 мала лажичка ванила
- 6 лажици чоколаден крем со лешници (еурокрем) или мармалад од јагоди по желба.
За јагодите:
- 4 чаши јагоди
- ¼ чаша шеќер
- 1 мала лажичка екстракт од ванила.
За крем:
- 500 мл слатка павлака
- ½ шеќер во прав по желба.
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени. Обложете 2 или 3 кружни мали тави со хартија за печење.
- Во тенџере на оган ставете го путерот. Мешајте додека се растопи. Потоа, додајте го какаото и мешајте додека се добие хомогена смеса. Во тенџерето турете ја врелата вода, оставете да се формираат меурчиња околу 20 секунди. Потоа, тенџерето тргнете го од огнот.
- Во мерен сад или чинија ставете го млекото, содата бикарбона, јајцата и ванилата. Измешајте ги.
- Во голем сад за матење, со дрвена лажица измешајте ги шеќерот, брашното и солта. Додајте ја топлата чоколадна смеса и измешајте. Потоа додајте ја смесата со млекото и јајцата и мешајте додека се добие хомогена смеса.
- Смесата ставете ја во обложените тави и печете за време од 17 до 20 минути. Печениот пандишпан извадете го од тавите и оставете го да се излади.
- Во меѓувреме подгответе ги јагодите. Исечкајте ги и ставете ги во сад. Додајте го шеќерот и ванилата. Оставете ги за време од 15 минути, а потоа исцедете ја течноста што ја пуштиле.
- Слатката павлака и шеќерот во прав ставете ги во сад за матење. Изматете со миксер додека се добие густ крем.
- Врз чинија за торта ставете го првиот пандишпан, така што долната страна која се печеше, треба да биде горе. Премачкајте ја со чоколаден крем, ставете половина (доколку направивте 2 пандишпани) или третина (доколку направивте 3 пандишпани) од слатката павлака. Израмнете со нож и додајте ги сечканите јагоди. Потоа ставете го вториот пандишпан. Постапката со чоколадниот крем, слатката павлака и јагодите повторете ја додека се потрошат пандишпаните.
- Оставете ја тортата да се излади. Потоа, изладената чоколадна торта со јагоди исечете ја парчиња и послужете. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Овошна торта со јагоди.