Пробајте ги овие чоколадни бомбици кои ни ги испрати Викторија. Таа учествуваше во кулинарскиот предизвик, ни прати убави брилијанти рецепти и освои пакет со производи од Витаминка.
Фотографијата и рецептот ни се допаднаа, па со големо задоволство ги споделуваме со вас. Вкусни, чоколадни и што е најважно, испробани и брзи.

Состојки:
- 300 г бисквити
- 200 г шеќер во прав од Витаминка
- 2 лажици рум
- 2 лажици какао од Витаминка
- 1 јајце
- 250 г маргарин
- ореви, чоколадо или желе бомбони – по вкус
- кокос од Витаминка.
Подготовка:
- Бисквитите се мелат и се ставаат во длабок сад.
- Во садот со мелените бисквити се додаваат какаото, шеќерот во прав, румот и јајцето.
- Маргаринот се топи во сад на тивок оган. Потоа кратко се остава да се излади и млак се додава во смесата со бисквитите и какаото. Смесата убаво се промешува за да се изедначи.
- Во чоколадната смеса по вкус се додаваат ореви, чоколадо или желе бомбони.
- Од готовата смеса се формираат топчиња со големина на орев. На крај, бомбиците се валкаат во кокос од Витаминка. Вкусните чоколадни бомбици послужете ги со топло кафе и уживајте во светот на вкусовите!
Рецептот го испратила: Викторија Николовска.
Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.