Шпагети пронто во сос од домати и туна

Уживајте во вкусот на италијанската кујна во својот дом! Благодарение на Бетина, може да направите шпагети пронто во сос од домати и туна.

Звучи вкусно нели? Ние би рекле дека толку добар рецепт ретко може да се вкуси во рестораните. Искористете ја приликата и пригответе нешто интересно.

шпагети пронто

Состојки:

  • 400 г шпагети
  • 1 главица кромид
  • масло по потреба
  • 1 конзерва (400 г) сечкани домати
  • 4-5 лажици сварена пченка
  • 1 лажиче оригано
  • сол и мелен црн пипер на вкус
  • 1 конзерва (185 г) туна во масло
  • пармезан по потреба.

Подготовка:

  1. Шпагетите ставете ги да се варат посолена вода. Варете ги согласно времето кое е наведено на пакувањето.
  2. Туната исцедете ја од маслото.
  3. Кромидот исечкајте го на тенки прстени.
  4. Во поголема тава или тенџере на оган ставете масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го кромидот. Откако ќе зацрвени, ставете ги доматите и пченката, додајте го ориганото, посолете и зачинете со мелен црн пипер.
  5. Оставете го сосот да се крчка на средна температура околу 5 минути.
  6. Во тавата додајте ја туната, се заедно убаво измешајте и оставете да се загрее околу 1 минута.
  7. Ставете ги сварените шпагети во сосот, измешајте убаво и послужете одозгора со нарендан пармезан.
  8. На здравје!

Рецептот го испратил: Б. Кузевски, Зготвено со љубов – Рецепти од мојата кујна.

Ви предлагаме да прочитате: Шпагети со сирење и црн пипер „Cacio e Pepe“.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: