ѓевречиња со сланина

Ѓевречиња со сланина

Супер и тренди рецепт на кој нема да останете рамнодушни и да не ги направите популарните ѓевречиња со сланина. Меки и многу вкусни, а лесни за подготовка. Ве охрабруваме да ги деустирате иако можеби не сте многу вешти во кујната.

Состојките се едноставни и сигурно ги имате дома, затоа не губете време и фатете се за работа. Одлични се за појадок,  а добро е што може и да ги замрзнете. Ако ви останале и сте ги замрзнале само загрејте ги и ќе бидат како свежо печени. Испорбани и приготвени од нашиот тим

ѓевречиња со сланина

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 500 мл млако млеко
  • 150 мл масло
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 жолчки
  • 300 г сланина исечена на тенки ленти.

За премачкување:

  • 2 белки
  • сусам и ленено семе.

Подготовка:

  1. Во тенџере ставете го млекото и загрејте го (да не е жешко).
  2. Во длабок сад ставете ги брашното, квасецот, солта, шеќерот и жолчките.
  3. Загреаното млеко постепено додавајте го во садот со брашното и замесете тесто.
  4. Добро измесеното тесто вратете го во садот, покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне за време од 30 минути.
  5. Потоа формирајте топчиња во големина колку едно јаболко.
  6. Секое топче едно по едно исучете го во правоаголна кора, а потоа пресечете го на половина по должина. На едната половина ставете од сланината, а со другата половина преклопете.
  7. Вака преклопените половинки извртете ги во формана  спирала и едниот со другиот крај залепете ги притискајќи ги една над друга. Потоа формирајте ѓеврече.
  8. Ѓевречињата редете ги на плех обложен со хартија за печење. Белките кратко изматете ги со виљушка.
  9. Одкако ќе ги доредите сите ѓевречиња, премачкајте ги со изматените белки и наросете ги со сусам и ленено семе.
  10. Подготвените ѓевречиња печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени 25 до 30 минути. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Интегрални варени ѓевречиња.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: