Ароматична ореовка - ликер од зелени ореви 1

Ароматична ореовка по српски рецепт – ликер од зелени ореви

Обожаваме домашни пијалаци, а посебно ако имаат и своја „лековита нота“! Таква е и оваа ароматична ореовка. Вкусен ликер кој нема да ве остави рамнодушни!

Бидејќи има многумина кои ги обожаваат едноставните вкусови и уште полесната подготовка, наскоро ќе го споделиме и нашиот домашен рецепт за подготовка на ореовка од зелени оревчиња. Ореовката е богата со јод и е одлична за здравјето на штитната жлезда, затоа препорачуваме да ја пробате, посебно ако имате таков проблем. Наскоро очекувајте го и нашиот домашен рецепт, а во меѓувреме, додека сеуште има млади оревчиња, препорачуваме да го пробате овој рецепт.

Ароматична ореовка - ликер од зелени ореви 2

Состојки:

  • 20 зелени (млади) ореви
  • 600 гр шеќер
  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • 15 зрна кафе
  • 1 лажичка цимет
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 700 мл ракија.

Дополнително:

  • најлонски нараквици
  • голема тегла.

Подготовка:

  1. Добро измијте ги состојките. Оревите измијте ги со вода, а портокалот и лимонот е пожелно да ги потопите во вода со сода и да ги оставите да стојат во неа барем 20-тина минути.
  2. Ставете ги нараквиците, па оревите исечете ги на четвртинки. Ако не ги заштитите рацете со нараквици нема да ви се случи ништо штетно, но ќе ви се обојат во темнокафеава/црна нијанса.
  3. Лимонот и портокалот исечете ги на кругови, а потоа започнете со редење на состојките во теглата. Прво ставете ги оревите, па круговите лимон и портокал, додајте го ванилиниот шеќер, циметот, шеќерот и кафето, па на крај турете ја и ракијата.
  4. Измешајте со пластична лажица и затворете ја теглата. Секојдневно промешувајте ја и повторно затворајте ја. Вака припремената ароматична ореовка треба да стои на сонце најмалку 40 дена, а потоа се процедува и се складира во шише. Уште поубаво би било ако ја оставите да созрева 2-3 месеци. Пробајте ја вреди за трудот!

Доколку сакате од рецептот може да погледнете и видео приказ.

Се консумира по 1 чашичка за ракија на гладно ако сакате да ги искористите корисните својства или пак се користи како аперитив.

Ви препорачуваме да прочитате: Ликер од вишни – вишновка.

Сподели: