Брз рецепт за тестенини со тиквички 1

Брз рецепт за тестенини со тиквички

Овој супер лесен и брз рецепт за тестенини со тиквички ќе ви биде корисен многу пати сезонава. Вкусно е, лесно и за јадење, а нема никаква комплексност во подготовката.

Го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, а штом таа го припремила и фотографирала, веруваме дека е вкусно. Пробајте го.

Брз рецепт за тестенини со тиквички 2

Состојки:

  • 400 гр тестенини
  • 1 средно голема тиквичка
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • мало по потреба
  • пармезан и босилек по желба.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го на коцки и запржете го во малку масло, колку да стане слаткаст.
  2. Во тавата додајте го и ситно сечканиот лук и брзо промешајте за да се соединат аромите.
  3. Тиквичката измијте ја, па преполовете ја по должина, а потоа исечете ја на кругови заедно со се кората. За да биде највкусно, пожелно е тиквичката да биде млада со нежна кора.
  4. Исечканата тиквичка додајте ја во тавата со кромидот и лукот и заедно динстајте ги околу 5-6 минути, или додека омекне.
  5. Тестетенините сварете ги во солена вода, исцедете ги и внимателно измешајте ги со зеленчукот.
  6. По желба, поросете со рендан пармезан и исечкани листови од свеж босилек. Послужете топло, како брз и вкусен ручек. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со тиквички и туна.

Сподели: