сок за растворање од бозел

Домашен сок од бозел без варење

Освежителниот сок од бозел повеќето нѐ потсетува на детството. Иако, мал е бројот на оние кои го обожавале овој сок како деца, тој е особено лековит и им се препорачува на возрасните поради многубројните терапевтски својства кои ги поседува.

Бозелот е растение кое може да се користи за превенција и лечење на многу болести поради своите терапевтски својства. Ова растение расте во запуштените делови близу населените места, а лековитите делови се млади изданоци кои се берат на пролет. Чајот од листовите и плодовите од бозел најчесто се користи за прочистување на крвта и против дијабетес, додека само цветовите помагаат во лечењето на настинка, респираторни заболувања и реума. Дури и кората од стеблото на ова растение е лековита, а најчесто се користи за лечење на воспалителни процеси на уринарниот тракт, го олеснува процесот на мокрење и ја потпомага работата на бубрезите и мочниот меур. Но секако, еден од најпознатите производи од бозел е сокот, кој повеќето домаќинства сѐ уште редовно си го подготвуваат. Сокот од бозел е особено корисен за пушачите, бидејќи неговата редовна консумација го ублажува кашлањето. Тој го прочистува организмот и ги ослободува бронхиите.

сок од бозел

Состојки:

  • 45 цветови од бозел
  • 6 цедени лимони
  • 5 литри вода
  • 3 кг шеќер

Начин на подготовка:

  1. Свежите цветови од бозел темелно измијте ги, потопете ги во 5 л. ладна вода и оставате ги да стојат 24 часа на ладно и темно место.
  2. Потоа во водата исцедете ги лимоните, додајте го шеќерот и оставете го растворот да стои уште дополнителни 24 часа. Течноста повремено мешајте ја со цел шеќерот да се растопи во ладната вода.
  3. Вака подготвениот сок процедете го низ стерилна газа и турете го шише. Сокот чувајте го на ладно и темно место.
  4. Сокот се пие така што во една чаша се додава 1/3 од сокот, а остатокот се разблажува со вода. Овој сок е навистина едноставен за подготовка, а многу освежителен за претстојните летни денови.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете 3 литри домашен сок од портокал и 2 лимони.

Сподели: