Колач со портокал

Колач со портокал

На вкусните десерти им нема крај! Овој пат ви претставуваме рецепт за колач со портокал. Одличен избор ако сакате да се засладите после ручекот и брза подготовка за ненајавени гости.

 

Колач со портокал

Состојки:

  • 200 г брашно
  • 3 јајца
  • 150 г путер на собна температура
  • 160 г шеќер
  • 1 портокал (кора и сок).

Подготовка:

  1. Рерната се загрева на 180°С.
  2. Во сад за матење се ставаат јајцата, шеќерот и путерот на собна температура. Се матат со миксер додека се добие пенеста смеса.
  3. Во садот се додава брашното и смесата се меша со лажица.
  4. На крај, се додава сокот и претходно изренданата кора од портокал. Сместа се меша со лажица и се става во кружен плех претходно премачкан со масло или обложен со хартија за печење.
  5. Колачот се пече за време од 40 минути. За време на печењето, со помош на чепкалка проверете дали колачот е печен.
  6. Печениот колач со портокал, се остава да се излади, а потоа се сече на парчиња и се декорира по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Колач со кандирано овошје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: