Лесен рецепт за брз баунти колач без јајца 1

Лесен рецепт за брз баунти колач без јајца

Една од најдобрите работи за овој брз баунти колач без јајца шшто не треба миксер, бидејќи се работи со лажица, шпатула или жица за мешање. Многу лесно и многу едноставно!

Само треба да ги набавите состојки и можете да се сместите во кујната. Кратко време, а одлични резултати и голема радост за целото семејство.

Лесен рецепт за брз баунти колач без јајца 2

Состојки:

  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша млеко
  • 2 чаши шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша кокос
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 2 чаши брашно.

Чашата која ќе ја користите треба да биде од 200 мл.

За глазура:

  • 100 гр чоколадо и 3 лажици масло (или готов чоколаден прелив, по желба).

Подготовка:

  1. Во помал сад убаво измешајте ги шеќерот и ванилата, а потоа додајте ги во садот во кој претходно сте ги измешале јогуртот и млекото.
  2. Откако ќе се растопат, односно ќе се соединат состојките, една по една додајте ги и останатите состојки, а при тоа постојано мешајте.
  3. Смесата турете ја во намрсен калап или тава и печете на 180 степени околу 30 минути. Дали е печено може да проверите со допир или пак со боцкање со со чепкалка за заби.
  4. Стопете го чоколадото на пареа заедно со маслото и со него прелијте го колачот одозгора, а ако сакате може наместо тоа да употребите готов чоколаден прелив.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Баунти штангли – млечни колачи со кокос и чоколадо.

Сподели: