печени полнети шампињони

Печени полнети шампињони

Печурките се една од намирниците кои според многумина се одлични во секоја можна комбинација. Денес ви предлагаме да направите печени полнети шампињони. И тоа не било какви, туку со совршен фил. Лесно се прават и воодушевуваат со нивниот вкус!

Овие печени полнети шампињони можат да бидат одличен додаток на вашата чинија со месо или пак да заменат некој од стандардните прилози кога сакаме да пробаме нешто ново. Потребни ви се само неколку едноставни состојки, па не пропуштајте да ги пробате!

печени полнети шампињони

Состојки:

За декорација:

  • мајчина душица или друг зачин по желба.

Подготовка:

  1. Исчистете ги стебленцата и внимателно отстранете ги. Стебленцата ситно исечкајте ги и ставете ги во посебен сад. Печурките наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
  2. Кромидот, лукот и шунката ситно исечкајте ги. Во тава со претходно загреано Брилијант маслиново масло ставете ги сечканиот кромид и лук. Пропржете ги, а потоа додајте ги шунката и исечканите стебла од печурките. Продолжете со пржењето околу 10 минути, а потоа зачинете со Дафинка, сув магдонос и оставете смесата да се излади.
  3. Во изладената смеса додајте ги сирење исечкано на коцки, павлаката, јајцето и измешајте.
  4. Со подготвената смеса наполнете ги печурките. Врз нив изрендајте сирење или кашкавал и ставете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  5. Готовите печурки декорирајте ги со свежа мајчина душица и послужете ги како предјадење, гарнир или вкусно мезе за пријателите. Уживајте во светот на вкусовите!

Совети плус:

  • За побогат вкус, во смесата за полнење може да додадете и сланина.
  • Најдобро е да користите големи печурки, бидејќи процесот на полнење е многу полесен.
  • Бидете креативни и направете ги печурките со фил по ваша желба. Има голем избор на состојки, а вие направете ја вашата омилена комбинација и пишете ни во групата на Сѐ за храна.

Ви препорачуваме да прочитате: Печени модри патлиџани во тегли.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: