Погача со кајмак

На блогот на нашата пријателка Лана наидовме на прекрасен рецепт за погача со кајмак „мека како душа“. Лесно и едноставно се подготвува и има многу фин и пријатен вкус кој сите ќе ги воодушеви.

Наместо кајмак, за нејзина подготовка може да искористите и кисела павлака. Вкусот во секој случај пријатно ќе ве изненади. Па, доколку овој викенд немате идеа што вкусно да им подготвите на вашите најблиски, изненадете ги со оваа прекрасна погача. Ние ви гарантираме дека нема подобар начин за уживање во викендот.

погача со кајмак

Состојки:

  • 600 г брашно
  • ½ пакетче свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 100 мл масло
  • 1 јајце +1 јајце за премачкување
  • 300 мл млеко
  • 200 г кајмак или кисела павлака
  • 100 г путер
  • сусам за поросување.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги квасецот, ½ чаша топло млеко, една лажица шеќер и една лажица брашно. Измешајте ги состојките за да се растопи квасецот.
  2. Откако квасецот ќе нарасни, додајте ги просеаното брашно, солта, маслото и јајцето.
  3. Потоа, со топло млеко замесете средно меко тесто кое не се лепи за рацете.
  4. Покријте го тестото со кујнска крпа и оставете го да одмори околу 30 минути.
  5. Тестото поделете го на 4 еднакви топчиња.
  6. Развлечете ја првата кора и премачкајте ја со половина од путерот.
  7. Потоа развлечете ја и другата кора и ставете ја врз првата и премачкајте ја со целата количина кајмак.
  8. Повторете ја постапката и со третата кора која ќе ја премачкате со преостанатиот путер.
  9. Четвртата кора малку повеќе развлечете ја од останатите три и ставете ја врз нив, а краевите повлечете ги така што ќе ги опфати сите четири кори.
  10. Калапот за печење премачкајте го со растопен путер и во него ставете ја вака подготвената погача. Покријте ја и оставете ја да нарасни околу 15 минути.
  11. Потоа, премачкајте ја со разматено јајце, засечете ја со нож на неколку места (само првата кора) и поросете ја со сусам.
  12. Погачата печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути се додека зарумени. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Путер погача со павлака.

Сподели: