Посен чоколаден колач со лешници

Посен чоколаден колач со лешници

Чоколадо со лешници! Звучи примамливо, нели? Ако постите и не можете да одолеете на омиленото чоколадо, ние имаме решение. Нашата драга Невена ни приготви супер рецепт за посен чоколаден колач со лешници.

Се приготвува едноставно, а целото семејство ќе се заслади со овој десерт. Идеален за куќни свечености за време на пости, како и за вегетаријанци. Нема матење со миксер, а се прави за речиси 5 минути. Измешајте ги состојките и ставете го колачот да се пече. Тоа е тоа!

посен чоколаден колач со лешници

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 250 гр шеќер
  • 4 рамни лажици какао
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажици масло
  • 280 мл млеко од соја
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 70-80 гр лешници.

Подготовка:

  • Брашното, какаото и печивото просејте ги низ сито и ставете ги во сад.
  • Додајте ги шеќерот, маслото, млекото, ванилата и мешајте со жица за матење, додека добиете хомогена смеса без грутчиња.
  • Смесата истурете ја во помала правоаголна тава, намачкана со масло и посипана со брашно. Доколку имате на располагање може да користите и силиконска тава за печење.
  • Над смесата наредете ги лешниците.
  • Тавата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени за време од 30 минути.
  • Печениот посен чоколаден колач оставете го да олади. Пред служење посипете го со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколаден посен куглоф.

Сподели: