Рецепт за домашни переци

Топли, крцкави, вкусни… нема кој не сака переци. Иако во ова модерно време имаме илјадници работи кои можеме да ги купиме или пак да ги направиме, переците се уште важат за едни од поомилените закуски.

Ние за денеска се одлучивме да ви понудиме интересен рецепт кој ќе ги задоволи вашите потреби за нешто вкусно и солено. Нека замириса кујната на печено тесто!

домашни переци

Состојки:

  • 2 шолји млеко
  • 2 ќесички сув квасец
  • 6 лажици кафеав шеќер
  • 4 лажици путер на собна температура
  • 4 ½ шолји брашно
  • 2 лажички морска сол
  • 1/3 шолја сода бикарбона
  • 3 шолји топла вода
  • крупна сол
  • 6 лажици растопен путер.

Подготовка:

  1. Млекото загрејте го во микробранова печка или на оган, да биде млако, а потоа додајте го квасецот и мешајте додека не се раствори. Оставете го квасецот да нарасне за време од 5 минути.
  2. Во млекото додајте ги шеќерот, путер, 1 шолја брашно и двете лажички сол, па добро измешајте ја целата содржина со жица за матење.
  3. Во добиената смеса додајте ја преостанатата количина брашно и месете додека добиете нелепливо тесто.
  4. Тестото обликувајте го во топка, ставете го во сад и покријте го со транспарентна фолија. Оставете го да нарасне околу еден час.
  5. Загрејте ја рерната на 230 степени, а претходно обложете 2 големи плеха со мрсна хартија за печење.
  6. Тестото извадете го од садот и неколку пати „удредете го“ од работната површина за да се ослободи од воздухот.
  7. Потоа, поделете го тестото на 12 делови и започнете да формирате переци, при што тестото треба да биде прекриено со фолија за да не фати кора додека ги формирате останатите переци.
  8. Секое парче од тесто извалајте го во тенки ленти со должина од околу 80 сантиметри, а потоа формирајте переци. Переците потопете ги во раствор од топла вода и сода бикарбона, па исцедете ги и ставете ги во обложениот плех за печење.
  9. Переците посипете ги со малку крупна сол. Печете од 10 до 15 минути, додека се заруменат. На крај, печените переци премачкајте ги со растопен путер. На здравје!

А како вие ги правите переците, знаете ли некој добар рецепт?

Ви предлагаме да прочитате: Спирални кифлички со прелив.

Сподели: