рецепт за слатко од грозје

Рецепт за слатко од грозје    

Превкусното слатко од грозје е едно од нашите омилени! Ни буди убави спомени, но вкусот е фантастичен, па топло ви препорачуваме да го пробате.

Она што треба да знаете пред да направите слатко од грозје е изборот на сортата. Од секое грозје не се прави слатко, макар што имаме правено и со бело и црвено грозје, но сепак за да добиете најдобар резултат изберете грозје од сортата султанија. Оваа сорта се одликува со мали зрна кои имаат нежна кора. Изберете полузрело грозје и започнете со подготовка.

слатко од грозје

Состојки:

  • 1 кг грозје
  • 1 до 1.250 кг шеќер
  • 1 чаша вода
  • 1 лимон.

Подготовка:

  1. Грозјето добро измијте го и отстранете ги зрната, едно по едно.
  2. Во тенџере ставете ги шеќерот и водата. Ставете ги на оган да се варат.
  3. Лимонот измијте го, излупете го и исечете го на кругови.
  4. Штом добиете густ сируп како за слатко, додајте ги грозјето и лимонот. Повремено отстранувајте ја пената која се создава за време на варењето.
  5. Продолжете да варите додека слаткото се згусти, така што кога ќе подигнете од сирупот со лажица, паѓаат крупни капки.
  6. Тогаш, тргнете го тенџерето од огнот и отстранете ја пената.
  7. Тенџерето покријте го со чиста и влажна кујнска крпа.
  8. Оставете го да стои за време од 12 часа.
  9. Потоа, слаткото соберете го во чисти и суви тегли. Теглите затворете ги со капак или целофан и наредете ги со другата зимница. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Стар рецепт за слатко од кора од лубеница.

Сподели: