смути со калинки и банани

Смути со калинки и банани

Време е да ги искористиме благодатите кои ни ги нудат калинките. А дали сте пробале сок или пак смути со калинки? Освежуваат, даваат енергија и се добредојдени за секој период од денот. Па, ако имате калинки на располагање, направете смути.

Рецептот е многу едноставен, но верувајте многумина го испробаа и потврдија дека е супер. Потребно ви само кисело млеко, банани и сок од калинки. Сокот од калинки најдобро е да биде свежо исцеден, а за таа цел користете цедилка за цитруси. Од наведената количина на состојките ќе добите 6 чаши со смути, па намирниците прилагодете ги според вашите потреби.

смути со калинки и банани

Состојки:

  • 2 чаши кисело млеко
  • 2 чаши сок од калинки (најдобро е да користите свежо цеден сок)
  • 2 големи банани.

Подготовка:

  1. Бананите излупете ги и исечете ги на парчиња.
  2. Во блендер ставете го киселото млеко и додајте го сокот од калинките. Потоа, ставете ги парчињата банана и миксирајте додека се добие хомогена смеса.
  3. Готовото смути со калинки и банани сервирајте го во изладени чаши. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Сокот од калинка е моќен природен антиоксиданс.

Сподели: