Солени палачинки со фил од пилешко месо и печурки 1

Солени палачинки со фил од пилешко месо и печурки

Од обични состојки ќе направите супер необично јадење! Вака припремените солени палачинки со фил се интересни и за јадење и за изглед. Убави за честење на гости, а и за радување на домашните.

Кој што е има желба да си направи поубаво секојдневие на едноставен начин, добро е да ги проба. За малку време и малку труд, ќе имате големо задоволство!

soleni palacinki so fil 2

Состојки:

За палачинки:

  • 1 јајце
  • 1 чаша млеко
  • 2 – 2,5 чаши вода
  • 400 гр брашно
  • 1/2 лажиче сол
  • 5-6 лажици масло

Чашата е со количина од 250 мл.

За фил:

  • 450 гр пилешко бело месо
  • 500 гр свежи шампињони исецкани на тенки ливчиња
  • 1-2 гранчиња магдонос
  • 1 мал морков
  • 1/2 мала главица кромид
  • по вкус сол, бибер и мешан сув зачин
  • по потреба масло и вода
  • околу 100 гр ситно рендан кашкавал.

За прелив:

  • 2 јајца
  • 200 мл павлака за готвење
  • по потреба путер и лебни трошки за мачкање на тавата.

Подготовка:

  1. Најпрво подгответе ги палачинките.Со миксер изматете ги јајцето, млекото, брашното солта, маслото и една чаша вода.
  2. Кога смесата е изедначена и нема грутчиња исклучете го миксерот, додајте ја и останатата вода и со помош на жица за матење изматете за да се добие убава смеса за палачинки. Од добиената смеса испечете палачинки и покриени оставете ги на страна додека го припремате филот. Од прилика ќе добиете околу 12-15 палачинки зависно од големината на тавата и дебелината на палачинките.
  3. Потоа подгответе го филот. Пилешкото бело месо исечкајте го на долги тенки парчиња. Ставете го во тавата и додајте го ситно исечканиот морков, 4-5 лажици масло, зачините по вкус и додајте 2 чаши вода. Оставете го да се динста додека омекне, а течноста да испари.
  4. Потоа додајте го ситно исечканиот магдонос, измешајте и оставете да се лади.
  5. Во друга тава со 4-5 лажици масло пропржете го ситно исечканиот кромид. Додајте ги печурките, зачините по вкус и пржете додека целата течност испари. Измешајте ги со месото и оставете ги да изладат, па додајте го и кашкавалот.
  6. Рерната загрејте ја на 200 степени и печете ги во тава (предлог големина 20 х 35см), претходно намрсена со путер и посипана со лебни трошки.
    Од секоја палачинка формирајте ролат. Прво на крајот ставете од филот, па виткајте ги во полна. Редете ги во плехот една до друга додека го потрошите филот. Одозгора попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат 15-тина минути.
  7. Во сад со вилушка изматете ги јајцата и павлаката за готвење. По изминатото време извадете ги палачинките и прелијте ги со преливот, па вратете ги во рерна уште 10-тина минити за преливот да се потпечи.
  8. Покриени со фолија оставете ги да малку да се изладат, а потоа послужете ги.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате и пирошки од палачинки со фил од мелено месо и кашкавал.

Сподели: