Сочни уштипци со кашкавал

Совршена вечера или вкусен ручек, на вас останува да ги направите… Почестете се себе си и семејството со сочни уштипци со кашкавал кои се идеални со чаша пиво.

Рецептот е испробан во кујната на Клара, на која и се заблагодаруваме за споделениот рецепт.

уштипци со кашкавал

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 мешавина на зачини за ќофтиња, по желба
  • 150 мл вода
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици лебни трошки
  • ситно сечкан магдонос
  • малку лук во прав по желба
  • околу 150 гр кашкавал.

Подготовка:

  1. Содржината од кесичката со зачини за ќофтиња растворете ја во 150 мл вода.
  2. Кромидот изрендајте го со ренде.
  3. Магдоносот ситно исечкајте го.
  4. Во длабок сад ставете го месото, водата со зачините, ренданиот кромид, јајцето, лебнитре трошки, магдоносот и лукот. Измешајте убаво за да се добие хомогена смеса. Садот покријте го со најлонска фолија.
  5. Оставете го фрижидер за време од ½ до 1 час за да се спојат вкусовите.
  6. Ставете малку масло во грил тава и оставете убаво за се загрее. Може да користите и нелеплива тава, а уште подобро е скара.
  7. Кашкавалот исечете го на стапчиња.
  8. Со голема лажица земајте од смесата за уштипци и со навлажнети раце расплескајте ја овално. Ставете по едно стапче кашкавал и убаво завиткајте го од сите страни со месо. Формирајте уштипци со овална форма.
  9. Малку сплескајте ги со рацете, но внимавајте на кашкавалот да остани во внатрешноста. Готовите уштипци ставете ги да се пржат во загреаната грил тава на умерен оган.
  10. Готовите уштипци ставете ги врз хартиена салфетка да се впие вишокот на масло. Потоа послужете ги топли со некој сос и салата по ваша желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Печени уштипци од мелено месо.

Сподели: