2 рецепти за 20 минути во Kitchen wars, епизода 1 – Наташа и Мартина

Дали го следевте новото кулинарско шоу Kitchen wars во партнерство со Подравка на Ig live на инстаграм профилот на @sezahrana.mk? Во вчерашната епизода готвевме заедно со Наташа и Мартина! Им дадовме исти состојки и ги предизвикавме да приготват нешто вкусно. За 20-тина минути ни подготвија кремасти тестенини, секоја на свој начин. Ајде да ги пробаме, а потоа и да гласаме кој рецепт ни се допаѓа повеќе! Што велите за предлогот?!

Објавивме предизвик за гласање, па може да го споделите вашето мислење и да го дадете својот глас. Останете со нас, а рецептите се следните:

Kitchen wars - тестенини

Потпечени тестенини во крем сос – Медитеранска рапсодија

Наташа ни приготви потпечени тестенини во крем сос. Вкусна комбинација на доматен сос и сирења која веруваме ќе го освои сечиј вкус!

Состојки:

Подготовка:

  1. Моцарелата (50 г) ја ставаме во средината на тавата (20 cm x 30 cm) и ги додаваме варените тестенини.
  2. Над тестенините ставаме од павлаката за готвење, путер исечкан на коцки и зачинуваме со босилек, оригано, лук во прав, мелен црн бибер и сол по вкус.
  3. Над сирењето во средина се додава доматниот сос.
  4. Ренданото сирење го ставаме врз тестенините. Тавата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени и печеме 20 минути. На здравје!
Потпечени макарони

Автор на рецептот: Нашата Мустафа – @natasaemil.

Паста во доматен сос со печурки и сирење

„Пене паста, доматен сос, безброј зачини и многу сосови! Сѐ комбинирано заедно дава еден перфектен спој на вкусови.“ – вели Мартина.

Состојки:

Подготовка:

  1. Тестенините сварете ги во зовриена вода.
  2. Во меѓувреме направете го сосот. На малку масло запржете ги печурките и маслинките околу 4-5 минути. Убаво зачинете со зачини по избор – мелен црн бибер, чили и сол, оригано, лук во прав и мелена слатка пиперка.
  3. Додајте го доматниот сос и оставете да прокрчка уште 3-4 минути.
  4. Во друг сад ставете 100 мл вода и додајте ја содржината од ќесичката Vegeta Fant сос од сирење. Измешајте и додајте ја мешавината во доматниот сос. Постојано мешајте и варете го сосот уште 5 минути.
  5. Во сосот додајте ги варените тестенини и убаво измешајте. Брз ручек или вечера готова за најмногу од 15 минути. На здравје!
макарони во доматен сос

Совет плус:

  • Фант сосот од сирење го збогатува вкусот и ги прави тестенините покремасти. Одлична опција за замена на повеќе видови кашкавал.

Автор на рецептот: Мартина Трајаноска – @martinascookingg.

Ако го пропуштивте кулинарското шоу Kitchen wars, погледнете ја првата епизода:

Ви препорачуваме да прочитате: Запечено свинско во кремаст сос од печурки.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: