маслиновото масло

3 важни работи за маслиновото масло

Маслиновото масло важи за едно од најздравите масла во човековата исхрана кое изобилува со незаситени масни киселини и омега 9. Но, иако е многу застапено во нашата исхрана, сепак кај голем број на луѓе постојат одредени нејаснотии и заблуди во врска со неговото користење. Затоа, во оваа прилика сакаме да појасниме некои од најголемите заблуди поврзани со маслиновото масло и неговото користење.

Сигурно и вие сте слушнале дека маслиновото масло се користи само за салати или дека не е добро термички да се обработува? Но, дали е ова точно? – Прочитајте го текстот и дознајте нешто повеќе за едно од најздравите масла.

маслиновото масло

На што треба да посветите внимание при користење маслиново масло?

Вкусот на маслиновото масло може да варира во зависност од бербата на маслинките. Па така, доколку горчи тоа не значи дека истото има лош квалитет. Највисоката температура на која вообичаено се произведува маслиновото масло е собна т.е од 12 до 25 степени.

Дали маслиновото масло смее да се обработува термички?

Иако многумина мислат дека не смее термички да се обработува и дека истото ослободува штетни матери доколку се загрева, тоа е грешно мислење. Баш напротив, маслиновото масло е многу постабилно од останатите видови на масло кои многу побрзо се загреваат и ослободуваат штетни материи. Идеална температура за обработка е на 180 степени, додека веќе на 190 предизвикува чад. Тоа не треба да се дозволи бидејќи тогаш се испуштаат штетните материи.

Зошто маслиновото масло е поздраво од останатите масла?

Екстра девственото маслиново масло е главна одлика на Медитеранската исхрана која е прогласена за една од најздравите. Покрај маслиново масло оваа кујна се базира и на овошје, зеленчук, риба, мешунки, јаткасти плодови, јајца, млечни производи и умерена консумација на храна од животинско потекло.

Па така, маслиновото масло спаѓа во групата на здрави масти кои не се штетни по човековото здравје. Покрај тоа ова масло содржи само 14% заситени масни киселини, додека останатите се мононезаситени масни киселини, кои се најдобри за здравјето. Исто така, изобилува со омега 9 масни киселини (олеинска киселина) кои го забрзуваат метаболизмот и со тоа не предизвикуваат дебелеење.

Во продолжение ви приготвивме листа со неколку здрави рецепти во кои може да употребите маслиново масло:

Нови маслинови масла од Витаминка! 

Палетата на Витаминка од неодамна е збогатена со нови масла:

Брилијант екстра девствeното маслинoво масло е најздравото ладно цедено масло, богато со олеинска киселина, антиоксиданти и интензивен медитерански мирис и вкус.

Брилијант девственото маслиново масло е едно од најздравите масла кое изобилува со полн вкус на маслинки, слободни масни киселини и претставува одличен додаток во припрема на вкусни јадења и сосови.

Брилијант маслиновото масло помас има висока температура на горење поради што често се употребува во готвење, како и неутрален вкус што го прави совршен дресинг за салати.

Брилијант мешаното масло претставува комбинација од 60% сончогледово масло и 40% девствено маслиново масло и е совршен додаток за секоја салата.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна фокача со маслинки, чери домати и рузмарин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: