3 основни совети за да подготвите највкусен ослич

Осличот е исклучително вкусна риба која дозволува разни начини на припрема и овозможува експериментирање со вкусовите. Но, има некои основни кулинарски начела кои е убаво да се почитуваат во „третманот“ и подготовката на оваа риба. Па, за да подготвите највкусен ослич, издвојте неколку минути да ги прочитате нашите мали кулинарски совети.

Читајте го текстот до крај, имаме изненадување за вас.

ослиќ 2

Осличот е риба која лесно се филетира – користете ја таа можност

Ако планирате да ја подготвувате сами, припремете добро наострен нож и со него прв отстранете ги лушпите, а потоа исфилетирајте. Ова ќе го постигнете најлесно ако осличот е половично одмрзнат, а посебно ако немате искуство. Искусните готвачи можат да извадат филети и со раце, затоа што коските на осличот се лесно деливи од месото.

Како да го приготвите?

Осличот трпи разни начини на термичка обработка, може да се пече, да се пржи, да се вари, похува, пошира итн. Во прехранбената индустрија се смета за риба која не е полна со токсини. Може да направите рибини ќофтиња, ролнички или да го панирате.

Избегнувајте моркови и други коренести зеленчуци за да комбинирате со ослич

Слаткоста на овие зеленчуци, не одговара на нежниот солен вкус на ослиќот. Наместо тоа, побарајте други идеи за прилог.

А, што би правеле само со совети ако немаме добар рецепт? 

Веруваме дека ќе ви годи, па ви споделуваме и брз и лесен рецепт за подготовка на ослич, презентиран на интересен и несекојдневен начин. Рецептот го најдовме на фан страницата кај нашите пријатели Слога Пром ДООЕЛ, го пробавме и со задоволство го споделуваме со вас. 

рецепт за ослиќ

Листата на производи од Слога погледнете ја нивната веб страница или Facebook фан страница.

Ви препорачуваме да прочитате и: 3 рецепти за подготовка на риба за слава.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: