Обожаватели сме на здравите десерти, па во оваа прилика приготвивме супер вкусни и здрави сладоледи. Топлото време е идеално за летно освежување и разладување, нели? – Затоа ви препорачуваме да ги пробате нашите 3 рецепти. Уживајте во омилениот здрав сладолед без грижа на совест.
И овој пат инспирација за креирање на здрави навики и консумација на здрава храна ни беше Hawaiian Spirulina во прав. Таа е дел од нашата исхрана и секојдневно сме во потрага по супер вкусни рецепти со неа. Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини од Б групата, комплетни протеини, ГЛК и изобилство од минерали и ензими. Листата на нејзините корисни состојки и дејства е навистина долга!
А, ако сакате да дознаете повеќе информации за спирулината, ви препорачуваме да прочитате:
- 10 докажани причини за да консумирате спирулина
- 3 факти кои ја прават Hawaiian Spirulina идеална храна за слабеење
- Hawaiian Spirulina може да биде здрав дел во секојдневната исхрана на вашите деца.
Сладолед со банана, спирулина и ванила без шеќер
Бананите се богати со растителни влакна, витамин Ц, Б6 и железо, а благодарение на состојките кои ги содржат имаат благопријатно дејство врз организмот. Го подобруваат расположението, спречуваат мускулни грчеви и превенираат остеопороза. Во комбинација со спирулината во прав прават „хранлива енергетска бомба“ која се препорачува со сите генерации.
Состојки:
- 5 замрзнати сечкани банани
- 1 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав
- ¼ мала лажичка екстракт од ванила
- бадемово млеко по потреба.
Подготовка:
- Бананите, спирулината и екстрактот од ванила ставете ги во блендер или процесор за храна. Миксирајте додека добиете мека и кремаста смеса. По потреба додајте бадемово млеко.
- Готовиот сладолед послужете го веднаш.
Сладолед со банани и боровинки
Банана и боровинки, супер овошна комбинација која ќе ве заслади и разлади во топлите денови. Боровинките изобилуваат со антиоксиданси, ја помагаат работата на мозокот, ја омекнуваат сувата кожа, а исто така го спречуваат развојот на канцерогените клетки.
Состојки:
- 2 ½ сечкани замрзнати банани
- 10-15 замрзнати боровинки
- 1 лажица кокосова вода
- 1 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав
- 1 мала лажичка свежо цеден сок од лимон.
Подготовка:
- Бананите, боровинките и кокосовата вода ставете ги во блендер. Миксирајте ги кратко, а потоа додајте го сокот од лимон и спирулината. Продолжете со миксирање додека добиете мека и кремаста смеса. Сладоледот послужете го веднаш или ставете го во пластичен сад и замрзнете го.
Сладолед со кокос и спирулина
Кокосовото млеко е извор на железо, магнезиум, калциум и цинк. Покрај тоа богато е со витамините Ц и Е. Во комбинација со спирулината се добива вкусен сладолед со бројни хранливи придобивки.
Состојки:
- 400 г кокосово млеко
- ¼ чаша сируп од агава или јаворов сируп
- 1 мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав
- кокос за декорација.
Подготовка:
- Во блендер ставете ги кокосовото млеко, сирупот од агава и спирулината во прав. Измиксирајте ги кратко. Ако немате блендер измешајте ги со миксер или жица за матење.
- Смесата ставете ја во пластичен сад и затворете ја со капак. Сладоледот ставете го во замрзнувач за време од 3 до 4 часа.
- Пред сервирање извадете го од замрзнувачот околу 20 минути, а потоа послужете го и декорирајте го со кокос. На здравје!
Препорака плус:
Освен во прав, Hawaiian Spirulina е достапна во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Може да ја набавите во поголемите аптеки или да ја посетите на онлајн продавницата на Тримекс и да нарачате директно на вашата адреса со бесплатна достава. За подетални информации кликнете на следниов линк или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
Ви препорачуваме да прочитате: Исхрана на децата: 5 практични совети за употреба на спирулина во прав.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.