рецепти за посни ќофтиња

5 рецепти за посни ќофтиња

На нашата страница може да се најдат голем број на рецепти за посни ќофтиња. Кои од кои поубави и повкусни! Погледнете го нашиот избор и започенете со дегустација. 

Посни ќофтиња од компири и ориз

Овие ќофтиња се едни од највкусните и омилените на многумина. Изгледот на овие посни ќофтиња од компири и ориз, сигурно ќе ве примами при првата прилика да ги направите и да уживате во дегустацијата заедно со семејството и пријателите. А штом ги направите, не заборавајте да ни пишете во коментар како ви се допаднале.

посни ќофтиња од компири и ориз.jpg

Посни ќофтиња со компири и цвекло

Овие убави посни ќофтиња со компири и цвекло ги приготви Диана, а таа вели дека највкусни се додека се топли и послужени со сенф. А најдобро од сѐ е тоа што се прават со многу едноставни состојки.

Фалафел ќофтиња од леблебии – посни и без глутен

Името е интересено, а вкусот импресивен и тотално неодолив! Прекрасните фалафел ќофтиња од леблебии се специјалитет кој најмногу се консумира на Средниот Исток, а се смета дека потекнуваат од Египет. Толку се убави, што не треба да ги пропуштите. Искористете го првиот момент на малку слободно време и дефинитивно одлучете се да ги пробате!

Посни ќофтиња со киноа, компири и коприва

Можеби досега копривата ја користевте за пити или чорба, а сега имаме нов рецепт. На предлог на нашата Диана, го споделуваме рецептот за посни ќофтиња со киноа, компири и коприва. А доколку немате коприва на располагање, слободно заменете ја со спанаќ.

Печени посни крокети од леќа и овесни снегулки

Здрави, вкусни и симпатични! Токму вака можеме да ги опишеме печените посни крокети од леќа и овесни снегулки. Ни доаѓаат во форма на крокети, но може да ги направите и како ќофтиња. Послужени со чили сос или салата се супер предлог за посен оброк или мезе.

Ви предлагаме да прочитате: 7 рецепти за ќофтиња со тиквичка.

Сподели: