портокали здрава храна

7 добри причини да јадете портокали секој ден

Слатки и сочни, портокалите се едни од најпопуларните овошја во Македонија и насекаде во светот. Освен што се вкусни, постојат 7 добри причини да јадете портокали секој ден.

Го зајакнуваат имуниот систем

Доколку изедете еден портокал ќе задоволите повеќе од 100% од дневните препораки за витаминот Ц. Витаминот Ц може да ви помогне да го подобрите имунитетот, а исто така е добар за превенција на заболувања. Тука може да прочитате кои се 9-те лесни начини за зајакнување на имунитетот.

Добри се за кожата

Како што старееме, кожата и другите делови од телото страдаат под дејството на слободните радикали. Портокалите содржат антиоксиданси кои го заабуваат овој процес и прават да изгледате помлади. Покрај тоа, јадете ги овие 5 намирници за убава и сјајна кожа.

портокали

Одлични се за очите

Заедно со кожата, и очите се подложни на оштетување од слободните радикали со процесот на стареење. Благодарение на витаминот А, витаминот Ц и калиумот кој го содржат, портокалите се храна за очите. Ако сакате да го сочувате видот, јадете по еден портокал секој ден.

Превенираат срцеви заболувања

Една од причините зошто луѓето добиваат срцев удар е затоа што артериите им се блокирани, како резултат на нездравиот начин на живот и консумацијата на брза храна. Портокалите содржат флавоноиди кои го намалуваат холестеролот и превенираат наслаги на артериите. На овој начин ве штитат од срцев удар и други кардиоваскуларни заболувања. Покрај тоа, може да ги пробате овие 3 сокови кои го намалуваат холестеролот во крвта.

Превенираат појава на канцер

Да се има канцер или пак да се има близок кој се бори со оваа болест е многу тешка и стресна состојба. Истражувањата покажаа дека состојката Д-лимонен кој асе наоѓа во портокалите може да превенира појава на различни типови канцер како рак на белите дробови, рак на градите, кожата… Дополнително витаминот Ц го потикнува имуниттот и му помага на телото да се бори со канцерогените клетки. Консумирањето на здрава храна може да ви помогне против канцер.

Спречуваат опаѓање на косата

Како што споменавме погоре, портокалите содржат голема количина на витамин Ц кој му помага на телото во производството на колаген. Колагенот е значаен за структурата на влакното и за кожата.

Одлични се за луѓе кои страдаат од шеќерна болест

Луѓето кои што имаат дијабетес, не се во можност да ја апсорбираат гликозата, затоа што бета-клетките кои се наоѓаат во панкреасот ја изгубиле способноста да произведуваат инсулин. Портокалите се богати со растителни влакна и имаат низок гликемски индекс, што ги прави супер храна за дијабетичари, но и за сите останати.

Па, ајде да каснеме по еден портокал!

Ви препорачуваме да прочитате: Портокал – освежителен еликсир неопходен за ладните денови.

Сподели: