Најдобриот рецепт за подготовка на печено свинско филе во сос е токму овој! Приготвено како од елитен ресторан, во комбинација на ароматични зачини и маринада која му дава сочност во првиот залак.
Гурмани и љубители на префинетите јадења, овој рецепт е за вас! Послужете го со кремасто пире со блитва и препуштете се на кулинарската магија. Секој може да биде супер готвач со рецептите на sezahrana.mk! Ги бираме најдобрите состојки, а за подготовката на овој рецепт ви го препорачуваме свежото свинско месо на Агриа. Посетете ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес или побарајте свинско филе во Рамстор и Тинекс маркетите.

Состојки:
- 1 кг свинско филе од Агриа (2 парчиња)
- ¼ чаша крупна сол
- 4 чаши млака вода
- 2 лажици јаболков оцет
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 чаша мраз
- 2 лажици масло
- 2 лажици свежо цеден сок од лимон
- 3 лажици путер.
За мешавина од зачини:
- 1 лажичка чили во прав
- 1 лажица лук во прав
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка кромид во прав
- ½ лажичка чадена црвена пипер
- ¼ лажичка црн пипер.
Дополнително:
- ½ лажичка сув магдонос, оригано, босилек и мајчина душица.
Подготовка:
- Пушти ја рерната да се загрева на 200 степени. Припреми два листови од алуминиумска фолија, малку подолги од парчињата месо.
- Во пластична ќеса за замрзнување стави ги солта и топлата вода. Измешај ги додека солта се растопи. Потоа додај ги јаболковиот оцет, шеќерот, мразот и парчињата свинско месо. Затвори ја ќесата и остави го месото да се маринира 20 минути.
- Потоа, извади го месото од маринадата, исплакни го и исуши го со кујнска хартија.
- Во мал сад стави ги зачините и направи ја мешавината. Убаво зачини ги парчињата месо од сите страни.
- Во поголема тава стави 2 лажици масло. Тавата стави ја на оган на средно висока температура. Штом маслото се загрее, додај едно парче месо и пропржи го кратко од секоја страна. Месото треба да се запржи и добие златеста боја. Парчето месо стави го во средината на алуминиумската фолија.
- Зачини го со преостанатите зачини (магдонос, босилек, оригано…), попрскај го со сокот од лимон и стави три коцки путер. Затвори ја фолијата од сите страни.
- Печете го на 200 степени, околу 25 минути додека свинското месо достигне температура од 65 степени во внатрешноста. На овој начин месото ќе биде сочно и малку розово во средината. За да ја провериш температура, внимателно отвори ја фолијата и измери со кујнски термометар. По потреба продолжи го печењето.
- По печењето, подотвори ја фолија и остави го месото да отстои 5 до 10 минути. Потоа исечи го на парчиња. По желба посоли го и зачини го со мелен црн пипер. По сервирањето во чиниите, полијте го со сосот од путер кој останал во фолијата.
Дали знаеш дека?
Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна? Така се заокружува принципот од „нива до трпеза“ и се добиваа месо со најдобар квалитет. Македонско, свежо и вкусно!

Може да те интересира: Печено свинско месо со компири во гурмански сос.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
