Со помош на маринадите месото секогаш ќе биде вкусно, меко, сочно и ароматично. Денес ви претставуваме рецепт за сува маринада која може да се користи за сите видови на месо.

Овој Божиќ израдувајте ги вашите најблиски со божиќна печена мисирка. Овој рецепт совршено одговара со бело вино. Печената мисирка е јадење кое се служело низ кралските дворови за време на најсвечените настани. Месото од мисирка е малку потемно и има поинтензивен вкус за разлика од пилешкото, а некои по вкус го споредуваат дури и со телешкото.
Речиси и да не постои човек кој може да му одолее на вкусното и крцкаво похувано пилешко, меѓутоа ретко кој од нас знае да го погоди кога го подготвува дома. Па затоа, често кога одиме во ресторан и го нарачуваме, му се восхитуваме на прекрасниот вкус и крцкавата текстура. А, како би реагирале кога би ви кажале дека отсега ќе може да уживате во ова задоволство и дома? Ви нудиме еден супер, брз рецепт за крцкаво похувано пилешко кое се подготвува многу лесно и едноставно.
Скоро и да не постои човек кој може да одолее на совршено испечено пиле, кое е истовремено сочно и со прекрасна, златна, крцкава кожичка. Не мора да бидете одличен готвач за да создадете магија во вашата кујна. Дали знаевте дека тајната на совршениот вкус на сочното пилешко месо може да се крие во користењето на домашна маринада со лук?
Кога имате потреба да зготвите нешто брзо за вечера, нема да згрешите ако го пробате овој лесен рецепт за теријаки пилешко! Посебно го обожаваме, затоа што е едноставен, некомплексен и приготвен од здрави состојки. Често пати го подготвуваме во нашата кујна, па помисливме дека би било одлично да го фотографираме и да го споделиме ова вкусно уживање со вас.
Вкусна, свежа и добро ќе ве најаде. Во последното време, благодарение на модерните трендови на исхрана и желбата за поздрав начин на живот, често пати салатите стануваат и оброк, а не само мезе или предјадење. Ако посакате некогаш за вечера да се почестите нешто што е вкусно како во ресторан, препорачуваме да ја пробате оваа брза оброк салата од пилешко месо.