Овој супер вкусен рецепт за домашна паштета од пилешко месо ни доаѓа од кујната на Невена. Вкусна е и посакувана и од децата и од возрасните за да биде дел од оброците. Пробајте ја, нема да зажалите!
Доколку немате идеја што вкусно денес да им подготвите на вашите најмили, ние имаме супер предлог за вас. Направете пилешко во сос од пиво! Наместо да послужете традиционално печено пиле, згответе нешто ново и поинакво, а подеднакво вкусно. Станува збор за јадење кое се подготвува многу брзо и лесно, всушност како и сите други рецепти на Лана.
Доколку сеуште го немате смислено вашето мени за велигденските празници, ние имаме една супер идеја за вас. Овој Велигден израдувајте ги вашите најблиски со вкусен пилешки терин – свечен ролат од сечкани состојки, а ние ви гарантираме дека овој ручек ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите гости.
Овој Божиќ израдувајте ги вашите најблиски со божиќна печена мисирка. Овој рецепт совршено одговара со бело вино. Печената мисирка е јадење кое се служело низ кралските дворови за време на најсвечените настани. Месото од мисирка е малку потемно и има поинтензивен вкус за разлика од пилешкото, а некои по вкус го споредуваат дури и со телешкото.
Речиси и да не постои човек кој може да му одолее на вкусното и крцкаво похувано пилешко, меѓутоа ретко кој од нас знае да го погоди кога го подготвува дома. Па затоа, често кога одиме во ресторан и го нарачуваме, му се восхитуваме на прекрасниот вкус и крцкавата текстура. А, како би реагирале кога би ви кажале дека отсега ќе може да уживате во ова задоволство и дома? Ви нудиме еден супер, брз рецепт за крцкаво похувано пилешко кое се подготвува многу лесно и едноставно.
Скоро и да не постои човек кој може да одолее на совршено испечено пиле, кое е истовремено сочно и со прекрасна, златна, крцкава кожичка. Не мора да бидете одличен готвач за да создадете магија во вашата кујна. Дали знаевте дека тајната на совршениот вкус на сочното пилешко месо може да се крие во користењето на домашна маринада со лук?
„Кога имате потреба да зготвите нешто брзо за вечера, нема да згрешите ако го пробате овој лесен рецепт за теријаки пилешко! Посебно го обожавам, затоа што е едноставен, некомплексен и приготвен од здрави состојки. Често пати го подготвувам, па помислив дека би било одлично да го фотографирам и да го споделам ова вкусно уживање со вас.“ – вели Катерина од нашиот тим.