Пилешко во сос од крем сирење

Пилешко во сос од крем сирење

Немате идеја што вкусно да им подготвите за ручек на вашите најблиски? Ние имаме супер предлог за вас. Направете вкусно пилешко во сос од крем сирење, а како прилог послужете салата од сушени домати или запржена тиквичка.

Пилешкото месо е идеално за потоплите денови, бидејќи лесно се подготвува и е помалку мрсно од останатите видови на месо. А, што е најважно, ова месо го обожаваат и децата. Па, направете нешто вкусно и домашно за целото семејство кое со сигурност на сите ќе им се допадне.

пилешко во сос од сирење

Состојки:

  • 450 г пилешко бело месо
  • маслиново масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 ситно сечкан млад кромид
  • 150 г крем сирење
  • ½ чаша пилешки бујон
  • 2 лажици сечкан магдонос, босилок и власец по избор
  • 1 лажица лимонов сок
  • 7-8 сушени домати по желба
  • 1 тиквичка за прилог по желба.

Подготовка:

  1. Пилешките шницли од двете страни премачкајте ги со маслиново масло и зачинете ги со сол и црн пипер.
  2. Вака подготвеното бело пилешко месо пржете го во тава на добро загреано маслиново масло. Откако месото ќе добие златна боја извадете го од тавата, намалете ја температурата на шпоретот и додајте уште малку маслиново масло.
  3. Во тавата додајте го кромидот и динстувајте го околу 1 минута, потоа додајте ги и крем сирењето, солта, црниот пипер, пилешкиот бујон и мешајте додека добиете кремаста и хомогена смеса. По желба во тавата додајте и сушени домати.
  4. На крај, додајте ги и магдоносот и босилекот. Измешајте и во тавата додајте го пилешкото месо.
  5. Потоа подгответе ја и тиквичката која се служи како прилог со пилешкото месо. Тиквичката добро измијте ја и исечете ја на кругови. Зачинете ја со сол и црн пипер по вкус и кратко запржете ја во тава на загреано маслиново масло.
  6. Во чинијата за сервирање ставете го пилешкото во сос од крем сирење и послужете го со запржената тиквичка. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко со моркови во бел сос.

Сподели: