Нашата земја има убави традиционални јадења кои се пренесувале од генерација на генерација. Еден од нив е и рецептот за домашните колбаси кои се прават во есен, штом времето залади. Во некои краеви се познати и под името луканици.
Заедно со Агриа ги споделуваме и зачувуваме традиционалните македонски рецепти! Ако ти се допаѓа оваа кампања, пиши ни на Facebook и Instagram.

Состојки:
- 3,5 кг свинска плешка од Агриа
- 1,5 кг говедско месо од Агриа
- 1,5 кг сланина
- 1 страк праз
- 4 лажици буковска пипер
- 2 лажици лута буковска пипер
- 2,5 лажици сол
- 1 лажица мелен црн пипер
- Црева за полнење на колбасите.
Подготовка:
- Месото исечкајте го на мали коцки. Сечкањето може да ви одземе повеќе време, но традиционалниот начин на подготовка е токму вака.
- Празот ситно исечкајте го.
- Во сечканото месо додајте ги буковската пипер, солта и мелениот црн пипер. Добро измешајте ја смесата.
- Цревата ставете ги во млака вода и оставете ги за време од 20 минути. Најчесто цревата се солени и добро е да се отсолат и омекнат пред полнењето на колбасите. Цревата внимателно ставете ги врз отворот на машината за колбаси. Месото додајте го во машината и наполнете ги колбасите, така што на отприлика 25 см, ќе го превиткувате цревото. Колбасите може да ги исчадите на ниска температура еден ден или наредете ги на место каде има провев и оставете ги неколку дена. Вака приготвените домашни колбаси со праз замрзнете ги и користете ги по потреба. На здравје!
Совети плус кои ќе ви помогнат при подготовката:
- За подготовката на колбасите задолжително користете свежо месо. Ви го препорачуваме месото од Агриа кое може да го најдете во нивните месарници (Битола, Велес и Штип) како и во Тинекс и Рамстор маркетите.
- Ако не сте толку вешти во кујната, а го обожавате вкусот на домашно приготвените колбаси, ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа и да набавите свежи, домашни, селски, скараџиски или барени колбаси како и различни месни преработки.

Ви препорачуваме да прочитате: Лиснати ролнички со колбаси.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
